Author: Author 04

Денеска полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Повеќе

Овен Со преминот на Венера во Бик, вашиот фокус се префрла на материјалната сигурност. Следните недели се идеални за ревизија на финансиите и носење одлуки кои ќе ви донесат долгорочна стабилност. Во љубовта, престанувате со игри и барате само чиста искреност и меѓусебна доверба. Бик Ова е вашиот период! Венера влегува во вашиот знак и го максимизира вашиот природен шарм. Ќе зрачите со топлина и стабилност, што ќе ги привлекува луѓето кон вас. Искористете го ова време да се разгалите, да го освежите изгледот и да си ги исполните личните желби кои долго ги одложувавте. Близнаци За вас доаѓа време…

Повеќе

Додека едни чистат, други уништуваат. Непознати сторители во текот на изминатиов викенд опожариле четири контејнери во општина Кисела Вода. Садовите за отпад лоцирани на улицата „Невена Георгиева-Дуња“ се целосно уништени и веќе не се употребливи. Од ЈП Комунална хигиена веднаш реагирале и ги замениле со нови садови за да не се наруши собирањето на сметот, но бројките за вандализмот се поразителни. Викендов 4 уништени контејнери во Кисела Вода. Од почетокот на 2026 опожарени се 11 садови. Минатата година биле запалени вкупно 27 контејнери. Ваквото неодговорно однесување на поединци не само што предизвикува директна финансиска штета на претпријатието, туку и ја…

Повеќе

Граѓаните со нетрпение ја очекуваат денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека се создадени услови за пад на цените на бензините. Според неговите пресметки, од полноќ се очекува цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 да се намали за два денари по литар. Ова олеснување за буџетот на возачите доаѓа како директен резултат на мерката за намалување на ДДВ-то за горива од 18 на 10 отсто, која Владата ја донесе пред извесен период. „Многу внимателно ја следиме состојбата на светските берзи. Врз основа на нашите пресметки очекуваме во понеделник за околу два денари намалување на…

Повеќе

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви; велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Членот на новиот ЦО на СДС и Филипче, Стојан Коциров кој воедно е и поранешен претседател на младите во Струмица на СДС, е нов директор на струмичката фирма. Станува збор за фирма која до пред само некоја година лично Вице Заев управувал со неа. Истата фирма, била и добитник на голем број тендери во Струмица кога Заев бил градоначалник, но и низ цела Македонија, кога Заев бил премиер. Сара…

Повеќе

Крвава семејна трагедија го потресе Росоман откако според првичните информации, син ја убил својата мајка. Стравичниот настан за МИА го потврдија од Итната медицинска помош во Кавадарци, чија екипа веднаш излегла на местото на повикот, но можела само да констатира смрт. „Нашата екипа констатираше фатален убод со нож во пределот на вратот. Од тежината на повредата, жената починала на самото место“, изјави за МИА доктор Ратко Грков од Итната помош Кавадарци. Засега нема повеќе информации за случајот.

Повеќе

ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици, со употреба на автоцистерни. Машинското миење се реализира со цел – одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови, кога е намалена фреквенцијата на возила и пешаци на улиците. Во текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле четири сада за одлагање отпад лоцирани на улицата Невена Георгиева-Дуња, во скопската општина Кисела Вода. Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи.…

Повеќе

Мобилната единица при МВР со полициски пресретнувач санкционираше возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место Вчера (29.03.2026) во 18:55 часот на експресен пат Штип – Радовиш, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило – пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ,,мерцедес” со скопски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната дозволена брзина е 110 километри на час. Против возачот…

Повеќе

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судскиот процес против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска, која на 2 март си го одзеде животот скокајќи од шести кат заедно со нивната 6-годишна ќерка. Јовановски се товари за три тешки кривични дела, меѓу кои и „наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“. Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, кој веќе и е познат на јавноста по процесот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежев. „Обвинителството тврди дека од 2019 година, па сè до кобниот ден, обвинетиот во континуитет физички и психички ја малтретирал сопругата со која бил во бракоразводна…

Повеќе

Македонија денеска ќе ужива во релативно стабилно време со сончеви периоди, пред најавената промена која доаѓа веќе од утре. Според синоптичарите, времето ќе биде облачно, но со повремени сончеви интервали и слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде нешто поизразен долж Повардарието. Температурите денеска ќе се движат во широк интервал: Во Скопје не очекува слична слика – променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени. Ова е идеална можност за прошетка, бидејќи веќе од утре влегуваме во фаза на нова циклонска активност. Променливото облачно и посвежо време ќе се задржи во текот на целата работна…

Повеќе