Author: Author 04

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари. Филипче посочи дека политиките на власта јасно укажуваат на тоа дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не сака Македонија да биде членка на Европската Унија. „Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси. Денеска потврди дека не сака земјата да влезе во Европската Унија и дека ќе ја држи во изолација далеку од Европа“, рече Филипче. Тој додаде дека ваквите политики значат дека нема да се спроведат потребните реформи и дека нема да има контрола на грабежот што власта…

Повеќе

Во просториите на Владата на Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со претседателот на Исламската верска заедница на Република Турција, проф. д-р Сали Арпагуш, Реис-ул-улема Шаќир еф. Фетаху, како и амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој. За време на средбата се одржа плодна дискусија, со посебен акцент на зајакнувањето на братските односи меѓу двете земји, како и на унапредувањето на меѓурелигиската и институционалната соработка. Соговорниците ја истакнаа важноста на дијалогот и меѓусебното разбирање во промовирањето на мирот, стабилноста и заедничките вредности. Во овој контекст беше нагласено дека традиционалните пријателски односи меѓу Северна Македонија и Турција претставуваат…

Повеќе

Априлијада 2026 – забава за сите генерации! Денот на шегата е потсетник дека радоста, смеата и детската безгрижност се најубавиот украс на секојдневието, напиша градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.. На 1 април, кога насмевките се најискрени а фантазијата нема граници, им даваме простор на децата да бидат токму тоа што се, креативни, разиграни и среќни. „Денес се одржа манифестацијата „Априлијада“, која по неколку години застој повторно ја вративме таму каде што припаѓа, кај нашите дечиња. ГТЦ беше исполнет со смеа, бои и енергија, создавајќи атмосфера што долго ќе се памети. Во рамки на програмата се одржа ревија на маскирани…

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска потврди дека во здравствениот систем постојат сериозни административни пропусти кои овозможуваат злоупотреби со дополнителното работно време. Сепак, Алиу децидно одби да соопшти имиња на доктори или клиники, нагласувајќи дека целта на Министерството е да го поправи системот, а не да прави јавен спектакл кој дополнително ќе ја урне довербата кај граѓаните. Министерот најави дека на ЕНЕР веќе се поставени законски измени кои ќе ги лимитираат „лабавите“ правила кои досега се злоупотребувале. „Свесни сме дека имаме проблем и тоа е првиот чекор кон негово решавање. Законите мора да бидат прецизни и да не нудат простор…

Повеќе

По пауза од цела деценија, македонскиот здравствен систем конечно се усогласува со светските стандарди. Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска промовираше ажурираната листа на есенцијални лекови, која првпат вклучува современи терапии за контрацепција и никотинска заменска терапија (фластери и гуми за џвакање). Оваа листа е клучниот инструмент кој гарантира дека државата во секое време ќе ги има најкритичните лекови за јавното здравје, без оглед на нивната економска исплатливост. „Нашата цел е листата да ги одразува современите стандарди. Со новиот закон, таа ќе се ажурира на секои две години, исто како и практиката на СЗО, за граѓаните секогаш да имаат пристап…

Повеќе

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска одржа несекојдневна прес-конференција посветена на 1-ви април, Денот на шегата. Во духот на празникот, Манасиевски со силен сарказам „призна“ дека СДСМ и нивните лидери Венко Филипче и Зоран Заев се „најчесните патриоти“ кои никогаш не го излажале народот. Манасиевски ги наброја сите „успеси“ на претходната власт, од навременото носење вакцини до „намалувањето“ на цените, заклучувајќи дека денешниот датум е всушност официјален празник на опозицијата. „На овој важен датум, мораме да признаеме дека СДС и Филипче беа во право и никогаш не го лажеа македонскиот народ. Честит 1-ви април – денот на…

Повеќе

ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Д.М.(56) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „несовесно работење во службата“ и против К.М.(33) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „несовесно работење во службата“, „уцена“ и „попречување на правдата“. Имено, во периодот од 2021 до 2025 година, двајцата како вработени во ловечко друштво „ЗЛД Вардар“ Неготино, издавале дневни дозволи за лов за ловишта „Корешница“ и „Бесвица“, иако немале договор за концесија за тие ловишта, односно направиле договор „закуп под закуп“ спротивно на законските одредби.…

Повеќе

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе тешки обвинувања на сметка на поранешниот премиер Зоран Заев. Според Петрушевски, контроверзниот проруски бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака, кој е на црната листа на САД, му исплатил на Заев 300.000 евра и 2.000 квадрати земјиште како повратна услуга за бизнис влијанија. Петрушевски потсети на аудио снимките каде директно се споменува дека овие пари биле искористени за потребите на референдумот за името. „Тогашната власт на СДС била длабоко поврзана со Дака. Го рекетирале контроверзниот бизнисмен за да спроведат политички инженеринг, додека во меѓувреме ги договарале неговите бизниси во државата“, изјави Петрушевски.

Повеќе

Од денеска вработените во образованието ќе добијат нови, повисоки плати. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека согласно колективниот договор, платите во овој сектор се зголемуваат за дополнителни 7,5 проценти. Со овој чекор, вкупниот раст на примањата во образованието од доаѓањето на оваа Влада до денес достигна импресивни 20 проценти. Премиерот истакна дека ова е исполнување на ветувањето за достоинствен статус на просветните работници. „Ова зголемување е дел од континуираната стратегија. За само година и половина, од ноември 2024 до денес, успеавме да ги покачиме платите за една петтина од нивната претходна вредност“, изјави Мицкоски од Гази Баба.

Повеќе

Во судницата денеска „прштеа“ обвинувања на сметка на Стојанче Јовановски. Сведокот Саздов откри дека обвинетиот се обидувал да го намести за закани во полиција, додека истовремено водел двоен живот со други жени и брутално ја претепувал сопругата. И покрај обидите на Ивана да се избори за својот имот и достоинство, заканите со експлицитни снимки и физичката сила на Стојанче биле посилни. Судењето продолжува со изведување на нови докази и сведоштва кои треба да расветлат како дошло до кобниот крај за мајката и малолетното девојче.

Повеќе