Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?
    • Стигнуваат големи пари и среќа: Овој хороскопски знак до крајот на летото го очекува големо богатство
    • Приборот за на училиште не е многу поскап од лани но со под 50 евра не се трга на 1 септември
    • ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во Кавадарци за да се сопре чадот
    • Најмногу пари доаѓаат од патарината кај Романовце – за 6 месеци од патарини собрани над 30 милиони евра
    • Украина полека ја губи војната
    • Федоров: Украина полека ја губи војната, има само неколку месеци за пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Воведена нова автобуска линија 37: Радишани и Бутел се поврзуваат со Карпош 3

    Воведена нова автобуска линија 37: Радишани и Бутел се поврзуваат со Карпош 3

    19.08.2026 во 16:041 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје воведе нова автобуска линија со број 37, која ќе ги поврзува населбата Радишани во општина Бутел и Карпош 3 преку булеварот „Словенија“.

    За новата линија информираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој ги објави деталите за трасата и термините за поаѓање.

    Според објавениот распоред, поаѓањата од Радишани се закажани во 07:25, 08:55, 14:55 и 16:25 часот, додека од Карпош 3 автобусите ќе поаѓаат во 06:40, 08:10, 14:10 и 15:40 часот.

    Автобуската линија започнува од последната постојка на линијата 57 во Радишани, продолжува по улиците „Радишанска“ и „Бутелска“, па преку булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Словенија“, улицата „Качанички пат“, булеварот „8 Септември“, улицата „Бледски договор“ и булеварот „Илинден“, а завршува на улицата „Манапо“ во близина на трговскиот центар „Сити Мол“.

    Возењето ќе се одвива по веќе постоечките автобуски спирки по должината на маршрутата.

    „За постојките по должината на трасата ќе се користат постоечките постојки, со можност за воведување дополнителни постојки зљ поврзување со сите делови на градот Скопје, согласно потребите на граѓаните. Заедно создаваме подобра поврзаност и полесен јавен превоз за граѓаните на општина Бутел“, истакна градоначалникот Костовски.

    Прочитај повеќе

    410 првачиња од Ѓорче Петров ќе добијат бесплатно ранче и училишен прибор

    25.08.2026 во 20:38

    ФОТО: Чистка во Карпош – старите коли во отпад

    25.08.2026 во 19:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.