Author: Author 04

Судењето на Стојанче Јовановски денеска се претвори во вистинско соочување меѓу обвинетиот и клучниот сведок Мартин Саздов. Додека Стојанче обвинуваше за местенки со дрога, уцени со експлицитни видеа и физички напади со „калашников“, Саздов ги отфрли сите наводи, тврдејќи дека Јовановски е насилникот кој го контролирал секој чекор на Ивана. Свој исказ даде и Ивана Белчева, која била сведок на напад во Ѓорче Петров во декември 2025 година. Белчева посведочи дека го видела Стојанче како ја удира Ивана по главата и телото, додека малата Катја плачела во прегратките на случајни минувачи. Саздов тврди дека мајките на сопружниците скришно носеле храна…

Повеќе

Денешното рочиште за смртта на Ивана и нејзината ќерка Катја донесе низа потресни детали и меѓусебни обвинувања во Кривичниот суд. Сведокот Мартин Саздов пред судијата откри дека кога се обидел да пријави насилство врз Ивана, бил брутално избркан од полициска станица со зборовите: „Кој си ти да пријавуваш?“. Саздов сведочеше за пеколот низ кој поминувала Ивана, тврдејќи дека обвинетиот Стојанче Јовановски ја тепал, ја газел по стомакот и ја присилувал да се дрогира. „Ја навредуваше малата Катја со погрдни зборови, велејќи дека ќе стане како мајка ѝ. Ивана беше преплашена, постојано се грижеше каде ќе живеат ако заминат од станот“,…

Повеќе

Вчера во 23:20 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(24), постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна сопруга дека околу 20:30 часот во домот, додека била со нејзините родители, со остар предмет им упатувал закани, а потоа ги нападнал неа и нејзиниот татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 12 возеле без возачка дозвола, од кои четири во Тетово, меѓу кои и еден малолетник и двајца во Гостивар. Исто така, по едно лице во Скопје, Велес, Штип, Свети Николе, Делчево и Битола возеле без дозвола. По еден возач во Кочани и Струга управувале возило под дејство на алкохол, а по еден возач во Куманово и Охрид управувале возило со активна забрана за управување патничко возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.…

Повеќе

Вчера во 20:55 часот во СВР Скопје, В.П.(50) од Скопје пријави дека на 30.03.2026 околу 12:30 часот во паркот во Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички кои ги познавала, а подоцна едната малолетничка објавила слика од настанот на социјална мрежа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 17:30 часот во СВР Скопје, И.С.(37) од Скопје пријави дека на 03.03.2026 во с.Маркова Сушица пронашла пет угинати кучиња и една угината лисица. Според пријавеното, таа самоиницијативно едно од угинатите кучиња го однела на обдукциска анализа на Факултетот за ветеринарна медицина Скопје, при што на 25.03.2026 добила обдукциски протокол според кој кучето било угинато како последица на труење од отров. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера околу 12:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Чаир бил пронајден починат Љ.С.(64) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

Повеќе

Основното јавно обвинителство Куманово интензивно работи на расчистување на случајот со 25-годишниот жител на селото Малотино, осомничен за две свирепи убиства. Обвинителот Љубомир Лапе денеска информираше дека се чекаат клучните резултати од извршените ексхумации и обдукции, како и наодот од психијатриското вештачење на осомничениот. За да се утврди точната траекторија на движење и контактите на убиецот, издадени се наредби за лоцирање преку базни станици на мобилните телефони. „Кога ќе ги прибавиме сите докази, ќе имаме појасна слика дали има потреба да се расчистуваат и други евентуални настани поврзани со ова лице“, изјави обвинителот Лапе.

Повеќе

Ниту еден пациент на Клиниката за онкологија не е без терапија. Пациентите се третираат со заменска терапија позади чија комбинација стојат доктори, експерти во областа, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, отфрлајќи ги информациите за недостиг и на терапија за пациентите со ретки болести. Во одговор на новинарски прашања на прес-конференција во Министерството за здравство посочи дека во разговор во претставници на Клиниката за онкологија информациите дека нема терапија за пациентите се поврзува со пристапот кон пациентите и со терапиите и со законот. – На почетокот јас реков дека мора да се смени нешто во Законот, за да може…

Повеќе

„Вие ме прашавте пред некое време зошто ние не гласавме во парламентот, некој од вашите колеги еве зошто не гласавме и не му дадовме поддршка. Затоа што работи по диктат на Христијан Мицкоски. Има ли поголем доказ од ова да се спасат предметите предметите во коишто ВМРО-ДПМНЕ е предмет на истражување и судски процеси. Па има ли поголем доказ? Ова е само дел од востановената пракса уште од почеток од на владата кога се инсталираа и членови од судски совет судии и обвинители итн. Тогаш укажувавме дека се партизира судството, укажувавме дека не се спроведува реформската агенда со законите од правосудството. Ова не не изненадува, обивинителот…

Повеќе