Author: Author 04

После 20 години, направивме законски измени и за прв пат овозможиме полагање на стручни испити за капетан на брод и бродски екипаж, што е чекор понапред во професионализација на внатрешната пловидба и подигнување на нивото на безбедност во пловниот сообраќај, истакна денеска од Охрид, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. “Уште кога бев избран за министер за транспорт, се соочив со овој проблем и заеднички со Капетанијата на пристаништата и со стручните служби во секторот за транспорт во рамките на министерството, разговаравме и најдовме начини. Требаше да се направат одредени законски и подзаконски измени со цел да се овозможи…

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ги посети просториите на Клиниката ТОАРИЛУЦ во Мајчин дом, каде е обезбеден нов најсовремен апарат дексаскен, наменет за навремена дијагностика и следењето на остеопороза. -Пуштањето во употреба на новиот дексаскен во Мајчин Дом претставува значаен чекор во зајакнувањето на капацитетите на јавното здравство, особено во делот на дијагностиката на остеопорозата како сериозен јавноздравствен предизвик. Остеопорозата е состојба која, доколку не се открие навреме, може да доведе до тешки последици за пациентите, и токму затоа раната и прецизна дијагностика е суштински важна. Особено е важно што станува збор за апарат со пошироки дијагностички можности, кој ќе…

Повеќе

Времето утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 km/h). Од недела до средината на новата седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло.

Повеќе

Со внимание ја проследивме оставката на Ленче Ристоска, која до пред само еден месец самоуверено тврдеше дека дошло времето токму таа да застане на чело на обвинителството и да ја донесе толку посакуваната правда. Очигледно времето за кое зборувала, важело само доколку исходот од изборот е по нејзина мерка. Во моментот кога институциите постапија согласно закон и не ја потврдија нејзината кандидатура, истата таа визија за силно и независно обвинителство одеднаш исчезна и се замени со наратив за наводни притисоци и загрозен интегритет, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Па тука, легитимно се поставува прашањето, дали принципите важат само кога носат личен напредок и дали борбата…

Повеќе

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција соопшти дека СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот на НБРМ, Трајко Славески. Димитријевиќ посочи дека кривичната пријава е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело – несовесно работење во службата, по член 353 в од Кривичниот законик. „Денеска поднесуваме нова кривична пријава, против Трајко Славески, гувернер на Народната банка, за основано сомнение за сторено кривично дело – несовесно работење во службата, по член 353 в од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека гувернерот Трајко Славески, со несовесно постапување, предизвикал штета врз Буџетот и правниот поредок“, рече…

Повеќе

Новиот јавен обвинител, Савески, откако е дојден на функцијата, работи по нарачка на Христијан Мицкоски, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција. Димитријевиќ посочи дека премиерот Мицкоски врши сериозен упад во независноста на правосудниот систем и работата на обвинителството, поставувајќи луѓе блиски до власта. „Како што и претпоставувавме, Мицкоски и овој пат лаже, кога вели дека не го познава и дека биографијата била пресудна. Изгледа дека нашите сомнежи ќе се покажат како реални. Мицкоски на телевизија разрешува обвинител, поставува свои советници за судии, сопруги на партиски функционери, не спроведува реформи. Потоа, од говорница му задава задачи…

Повеќе

Во пресрет на Светскиот ден на здравјето, Општина Центар на 6 април (понеделник) организира бесплатни здравствени консултации за граѓаните, кои ќе се одржат во Општинскиот младински центар „Матично“, во период од 09:00 до 15:00 часот. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да ја искористат можноста за бесплатни здравствени проверки и советувања со лекари. „Ги поканувам граѓаните да дојдат во Општинскиот младински центар „МАТИЧНО“ и да се консултираат со тим специјалисти за своето здравје, да направат превентивни мерења на притисокот и шеќерот во крвта, и да добијат бесплатни совети. Оваа акција ја спроведуваме со цел да ја поттикнеме свеста за…

Повеќе

Здравствените власти во Италија го потврдија првиот случај на вирусот на птичји грип од типот H9N2 кај луѓе на европско тло. Пациентот, момче кое неодамна се вратило од Африка, е веднаш хоспитализиран и ставен во изолација во болницата „Сан Жерардо“ во Монца, откако по враќањето во Ломбардија му била поставена дијагнозата. Иако овој вирус првпат се појавува кај човек во Европа, експертите смируваат дека неговиот патоген потенцијал е низок. „Случајот е детектиран на 25 март 2026 година преку стандардни лабораториски тестови. Пациентот веќе имал претходни здравствени проблеми, но за среќа, клиничката слика на грипот е блага и се очекува целосно…

Повеќе

Општина Илинден започна со реализација на еден од клучните инфраструктурни приоритети, целосна реконструкција на локалниот пат што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци. Станува збор за значаен и стратешки проект кој директно ќе придонесе за подобрување на патната инфраструктура и квалитетот на живот на граѓаните. „Увид на почетокот на градежните активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека оваа инвестиција претставува проект од исклучителна важност за локалното население, како и дека реконструкцијата ќе обезбеди побезбедно, побрзо и поефикасно одвивање на сообраќајот и значително ќе ја подобри поврзаноста меѓу населените места. Проектот опфаќа целосна обнова на патот…

Повеќе

Вработените од Македонски Телеком учествуваа во акција за пошумување и обнова на шумите во Националниот парк Јасен. Ова подрачје беше погодено од големиот пожар во август 2025 година. „Акцијата на Јасен претставува уште еден чекор во напорите за обнова на шумите и зачувување на природните ресурси. Со оваа иницијатива, ние продолжуваме да придонесуваме кон подобрување на екосистемот, како дел од нашата ESG агенда и заложбата за одржлив развој“ – изјави Славко Пројкоски, Главен директор за финансии. Како дел од Дојче Телеком, компанијата дава активен придонес во ограничувањето на климатските промени. Неодамна групацијата постигна климатска неутралност во своето работење и ги намали…

Повеќе