Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска и Ацески потпишаа Меморандум за соработка помеѓу МФ и ДЗР – Поголема координација за заштита на јавните средства

    Димитриеска-Кочоска и Ацески потпишаа Меморандум за соработка помеѓу МФ и ДЗР – Поголема координација за заштита на јавните средства

    20.08.2026 во 13:06Updated:20.08.2026 во 13:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ја унапрдуваат меѓуинституционалнта соработка и координација со цел градење посигурен, поефикасен и поодговорен систем на јавни финансии. Денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и главниот државен ревизок Максим Ацески потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете институции.

    Министерката Димитриеска-Кочоска  истакна дека денешното потпишување на Меморандумот за соработка со Државниот завод за ревизија го зајакнува партнерство коешто ги поврзува експертските, техничките и аналитичките капацитети на две клучни институции во заштитата на парите на граѓаните и создава поцврста институционална основа за заедничко дејствување во спречувањето и откривањето на неправилности, измами и коруптивни дејствија.

    „Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија потврдуваат јасна политичка и професионална определба за силни институции, одговорно управување со јавните средства и нулта толеранција кон корупцијата. Ова партнерство не е само административен чекор, туку суштинска реформа, која дава основа за подобра координација, поголема транспарентност и поефикасна заштита на јавните средства. Нашата обврска е секој денар од домашните буџетски средства, како и секое евро од европските фондови, да биде потрошено законски, наменски, одговорно и во интерес на граѓаните“, истакна министерката на потпишувањето на Меморандумот.

    „Потпишувањето на овој Меморандум претставува воспоставување на бескомпромисен систем на институционална синергија, која преку конкретна примена на меѓународните ревизорски стандарди и операционализација на АФКОС мрежата, гарантира дека секој денар од даночните обврзници е заштитен од неправилности и измами. Со оваа соработка, ние не само што ја подигнуваме транспарентноста и отчетноста на највисоко ниво согласно европските вредности, туку директно го подобруваме квалитетот на услугите за граѓаните, осигурувајќи дека средствата на даночните обврзници се користат наменски во насока на испорака на квалитетни, навремени и континуирани услуги на граѓаните“, изјави главниот државен ревизор Ацевски.

    Иницијативата за Меморандумoт за соработка меѓу двете институции е резултат на добрата пракса во земјите-членки на Европската унија и истиот воспоставува рамка за соработка во повеќе области од заеднички интерес, овозможува размена на искуства, знаења и податоци, унапредување на професионалните капацитети и примена на европските стандарди.

    Меморандумот ќе овозможи на двете институции размена на знаења и искуства преку работни средби, работилници, конференции, семинари, обуки и други форми на професионално усовршување. Вработените од Државниот завод за ревизија ќе можат да се вклучат како предавачи во обуките што ги организира Министерството за финансии преку Секторот – Академија за јавни финансии, додека експертите од Министерството за финансии ќе можат да придонесат во програмите за континуирано професионално усовршување на вработените во Државниот завод за ревизија. Предвидена е и редовна размена на стручна литература, сметководствени и ревизорски стандарди, методолошки прирачници, годишни програми за ревизорски активности, како и конечни ревизорски извештаи и акциски планови подготвени од јавните субјекти.     Со Меморандумот се предвидени активности за подигнување на јавната свест за превенција и препознавање на неправилностите и измамите.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.