Author: Author 04

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија. Енергетиката, инвестициите и примената на современи технологии беа во фокусот на разговорите меѓу двајцата функционери. На средбата беше потврдена одличната и континуирана соработка меѓу Македонија и Чешката Република, со заедничка оценка дека постои значителен простор за нејзино натамошно продлабочување, особено во енергетскиот сектор. Во разговорот посебно внимание беше посветено на можностите за чешки инвестиции и поголемо присуство на чешки компании во Македонија, како и на размената на експертиза и технологии…

Повеќе

Дрските лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат. Како и многупати досега, кога немаат што суштински да им понудат на граѓаните, се обидуваат да создадат афера со измислени бројки и целосно неточни информации. Последната во низата невистини е тврдењето на Лазар Банов дека Општина Центар платила 6,6 милиони денари за новата мобилна апликација. Тоа е целосна лага. Мобилната апликација на Општина Центар е изработена волонтерски од вработен во Општината и за нејзината изработка не е платен ниту еден денар од општинскиот буџет. Единствениот трошок поврзан со пуштањето на апликацијата изнесува околу 200 евра вкупно, за потребните надоместоци поврзани со нејзиното објавување…

Повеќе

Преку системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери во Центарот за управување со кризи, навреме е забележан оган во атарот на селото Никуштак, општина Липково. Веднаш по детекцијата, за настанот се известени Територијалната противпожарна единица Куманово и подружницата на „Национални шуми“ од Куманово за соодветна интервенција на терен. Системот им овозможува на операторите во Секторот за операции и координација при ЦУК да ја насочуваат камерата и визуелно да ја следат состојбата во реално време. На овој начин се обезбедува постојан увид, брза координација на расположливите ресурси и точно утврдување на правецот на движење на пожарот сè до неговото…

Повеќе

Сопствениците на напуштени куќи и викендички во селата да направат противпожарни пресеци широки по десетина метри, апелираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој нагласи дека во борбата со пожарите, кои ќе ги има сè почесто поради глобалното затоплување и сушите, фокусот мора да биде ставен на превенцијата. „Со години наназад го упатувам овој апел: исчистете ги вашите дворови. Исчистете ја околината на вашите викендички и куќи. Само така ќе бидете сигурни дека пожарот нема да ја запали доколку стигне до вашата куќа или викендичка“, рече Ангелов…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје се обрати на отворањето на Амбасадорскиот совет, на кој присуствуваа шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата. На отворањето се обрати и министерот за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Во своето обраќање, Муцунски нагласи дека брзите промени во меѓународното опкружување ја потврдуваат потребата од натамошно јакнење на модерна, активна, професионална и самоуверена дипломатија, која навремено ги препознава предизвиците и можностите, отвора врати, создава партнерства и јасно ги застапува националните интереси. „Светот се менува брзо, а малите и средните држави немаат луксуз да бидат пасивни. Затоа ни е…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека нема сектор во земјоделството од кој земјоделците не реагираат и не бараат поддршка од власта, но наместо решенија, тие не добиваат ништо. Филипче посочи дека власта ги остава земјоделците сами да се справуваат со зголемените трошоци и со ниските откупни цени, иако земјоделците со месеци укажуваат на проблемите. „Огромен број на земјодолци доаѓаат и укажуваат на своите проблеми во изминатиот период. Нема сектор од земјоделството од кој што нема реакција и барања за поддршка, помош од власта, а земјоделците ништо од тоа не гледаат. Откако се крена прав, галама, премиерот самиот најави…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против М.М.(23) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 03.06.2026 пријавениот измамил жена од Пробиштип за сума од 2.500 евра, претставувајќи се како лекар, кој наводно требало да направи интервенција на нејзината внука за лажна тешка телесна повреда при пад.

Повеќе

ЈКП „Водовод“ – Битола ги известува корисниците дека поради електричен проблем на ПС „Довлеџик“, привремено е запрено снабдувањето со сурова вода. „Ова може да предизвика намалување на нивото во резервоарите, пад на притисокот, а во повисоките делови и прекин во водоснабдувањето. Екипите на ЈКП „Водовод“ – Битола, во координација со надлежните институции, работат на отстранување на проблемот. За повторно воспоставување на редовното водоснабдување, јавноста ќе биде навремено известена“, стои во соопштението од ЈКП „Водовод“ – Битола.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. На средбата било разговарано за билатералните односи меѓу двете земји, можностите за нивно унапредување и европската перспектива на Македонија. „Успешна и конструктивна средба со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Разговаравме за одличните билатерални односи меѓу Македонија и Чешка, можностите за нивно дополнително продлабочување, како и за европската перспектива на нашата земја“, истакна Мицкоски. Претседателот на Владата ја нагласи важноста на чешката поддршка на патот кон Европската Унија. „Особено ја ценам поддршката од Чешка за нашите европски интеграции и заедничката посветеност на…

Повеќе

Највисока температура во 14:00 часот денеска е измерена на мерната станица Скопје-Петровец, каде се регистрирани 36,7 степени Целзиусови. Според официјалната табела на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), веднаш зад Скопје следуваат Велес и Демир Капија со измерени 36,6 степени, како и Кавадарци каде се измерени 36,5 степени. Високи температури се забележани и во Куманово со 36,4 степени, Штип со 35,6, Гевгелија со 35,5 и Струмица каде живата во термометарот достигнала 35,4 степени. Во останатите градови температурите се движеле од 32,6 степени во Крива Паланка, 33 во Прилеп и Охрид, 33,2 во Битола, 34,4 во Тетово и 34,5 степени во Виница.…

Повеќе