Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Апликацијата на Општина Центар чинеше 200 евра, а не 6,6 милиони денари

    Герасимовски: Апликацијата на Општина Центар чинеше 200 евра, а не 6,6 милиони денари

    20.08.2026 во 16:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дрските лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат. Како и многупати досега, кога немаат што суштински да им понудат на граѓаните, се обидуваат да создадат афера со измислени бројки и целосно неточни информации.

    Последната во низата невистини е тврдењето на Лазар Банов дека Општина Центар платила 6,6 милиони денари за новата мобилна апликација. Тоа е целосна лага.

    Мобилната апликација на Општина Центар е изработена волонтерски од вработен во Општината и за нејзината изработка не е платен ниту еден денар од општинскиот буџет.

    Единствениот трошок поврзан со пуштањето на апликацијата изнесува околу 200 евра вкупно, за потребните надоместоци поврзани со нејзиното објавување на платформите Apple App Store и Google Play.

    Апликацијата е создадена за да им овозможи на граѓаните полесен, побрз и поедноставен пристап до информациите и услугите на Општина Центар преку мобилен телефон. Податоците се преземаат директно од официјалната веб-страница на Општината, со што сите релевантни информации се достапни на едно место.

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, порача дека ваквите манипулации лесно се демантираат со факти.

    „Да обвиниш некого дека потрошил 6,6 милиони денари за нешто што е изработено волонтерски и за кое Општината не платила ниту денар е или сериозно непознавање на работите или свесна манипулација со граѓаните. Наместо измислени афери, очекувам да разговараме за тоа што можеме да направиме подобро за центарци. Апликацијата е токму тоа – дополнителна бесплатна алатка преку која граѓаните полесно ќе комуницираат со Општината и ќе ги користат нашите услуги“, изјави Герасимовски.

    Наместо ВМРО-ДПМНЕ да излегува со изјави и соопштенија со измислени бројки и да креира непостоечки афери, подобро е да ги координира своите советници во Советот на Општина Центар и да придонесе за реализација на проектите што се во интерес на граѓаните.

    Граѓаните не очекуваат блокади, опструкции и дневнополитички пресметки, туку работа и резултати. Интересот на центарци секогаш бил и мора да остане на прво место, пред секој личен и партиски интерес.

    Граѓаните заслужуваат работа, решенија и факти, а не измислени милиони и фабрикувани афери.

    Прочитај повеќе

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22

    Градоначалничката се сретна со станарите: Ги унапредуваме колективните живеалишта

    22.10.2026 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.