Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Подгответе ги чадорите: Денеска не очекува дожд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ангелов со апел за превенција од пожари: Исчистете ги дворовите и направете противпожарни пресеци

    Ангелов со апел за превенција од пожари: Исчистете ги дворовите и направете противпожарни пресеци

    20.08.2026 во 15:383 Mins Read
    ФОТО: ДЗС
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сопствениците на напуштени куќи и викендички во селата да направат противпожарни пресеци широки по десетина метри, апелираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

    Тој нагласи дека во борбата со пожарите, кои ќе ги има сè почесто поради глобалното затоплување и сушите, фокусот мора да биде ставен на превенцијата.

    „Со години наназад го упатувам овој апел: исчистете ги вашите дворови. Исчистете ја околината на вашите викендички и куќи. Само така ќе бидете сигурни дека пожарот нема да ја запали доколку стигне до вашата куќа или викендичка“, рече Ангелов на прес-конференција.

    Ангелов упати апел и до локалната власт веднаш да ги обезбеди селата со пресеци.

    „Иако сметате дека пожарот е далеку. Но, ова важи и таму каде што нема пожар, бидејќи не знаете кога ќе се случи тоа. Ако не оваа година, ќе се случи наредната година. Најдете трактор, најдете булдожер и изорајте околу нив. Така ќе ни помогнете нам. Ние во Мариовско ги трошиме ресурсите штитејќи четири манастири, неколку пчеларници. Вчера спасивме возило коешто некој го оставил, го заклучил и побегнал. Ние спасивме возило од неколку илјади евра, но направивме значително поголеми трошоци“, изјави Ангелов, демантирајќи дека во селото Чаниште изгореле многу куќи, туку дека се работи за десетина стари и напуштени објекти.

    Покрај густата вегетација, Ангелов посочи дека честа причина се и намерните палења, вклучително и од одмазднички и криминални мотиви.

    „Имаме пожари и од одмазднички мотиви. На повеќе места сме сигурни дека поради одмазда се палат шуми. Таков е случајот во Македонски Брод каде што имавме лице во притвор, кое откако беше пуштено по неколку дена, повторно запали пожар. Барем такви се сомневањата. Се одмаздуваат затоа што претходно шумската полиција, односно Национални шуми, одзеле одредена количина украдени дрва. Ние ова нема да го смениме. Сите овие мотиви ќе останат и понатаму. Но, може да дејствуваме врз добрите граѓани коишто ненамерно предизвикуваат штета. Затоа снимивме неколку видеа. Граѓаните не се свесни дека една искра е доволна за катастрофа. Кога зборувам граѓаните, мислам на еден од илјада, а можеби и еден од десет илјади, затоа што безмалку сите граѓани се исклучително педантни и внимателни. Но, доволно е еден несовесен граѓанин на неколку илјади луѓе да направи катастрофа“, истакна Ангелов.

    Во однос на теренските ресурси, тој посочи дека се прифаќа помош од обучени доброволци и локално население.

    „На располагање имаме уште одреден број доброволни пожарникари, а ги имаме и припадниците на македонската армија и полиција кои во случај на тешка ситуација се подготвени да скокнат во помош“, рече Ангелов.

    Што се однесува до состојбата на терен, тој информираше дека најголем предизвик остануваат пожарите во Мариовско, Студеничани и кај селото Драгов Дол, а активни се и жаришта во Кичево, Велес, Куманово, Крушево и Липково.

    „Карактеристично е тоа што овде секоја година имаме безброј подметнати пожари. На територија на општина Липково, како по традиција, криминалци подметнуваат пожари. Овие пожари не се случајни, особено во овој регион“, рече Ангелов.

    Прочитај повеќе

    „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица

    12.09.2026 во 11:32

    ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 

    12.09.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.