Author: Author 04

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (вторник) дел од жителите на населбата Волково ќе останат без напојување со електрична енергија. Прекинот е најавен за корисниците на улицата „95“ во Волково. Според планот на надлежните, електрична енергија ќе нема во периодот од 09:00 до 14:00 часот. Интервенциите се вршат со цел подобрување на квалитетот на мрежата во овој дел од општината.

Повеќе

Министерството за правда денеска излезе со остра реакција по студентскиот марш во Скопје, на кој беше побарано спроведување на Законот за употреба на јазиците при полагањето на правосудниот испит. Од министерството велат дека го почитуваат правото на протест, но сметаат дека се работи за инструментализација на студентите од страна на опозицијата. Според надлежните, особено загрижува улогата на одредена опозициска партија која користи чувствителни прашања за краткорочни цели. „Ваквите постапки отвораат сомнежи за обид за јавна манипулација и инструментализација преку поттикнување на чувствителни прашања и очигледно користење на етничка реторика за остварување на краткорочни политички цели. Во тој контекст евидентно е…

Повеќе

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска реализираше исплата од речиси 94 милиони денари, наменети за поддршка на земјоделскиот сектор во државата. Со оваа финансиска инјекција се опфатени околу 2.430 земјоделци. Најголемиот дел од средствата се насочени кон производителите на ориз. „89.465.370 денари кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 – Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година“, соопштија од ресорното министерство. Дополнително, преку интервентниот фонд и програмите за поддршка, исплатени се и средства за складирање на пченица и јачмен од домашно производство во износ од над 3,3 милиони денари,…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, објави дека работите на првата фаза од булеварот „Македонија“ напредуваат со планираната динамика. Овој проект е клучен дел од инфраструктурното поврзување на градот, со фокус на изградбата на првата подземна сообраќајница во Скопје, која треба значително да го растовари сообраќајниот метеж во овој дел од градот. „Булевар ‘Македонија’, прва фаза. Чекор поблиску до првата подземна сообраќајница. Скопје го правиме заедно. По скопски!“, истакна Ѓорѓиевски во својата објава. Проектот се смета за еден од најкомплексните во главниот град, а реализацијата на првата фаза е неопходен чекор за конечното оформување на овој модерен сообраќаен коридор.

Повеќе

Од денеска, 6 април, започнува нов енергетски циклус кој носи олеснување и стабилност за неколку знаци во Зодијакот. Според астролозите, критичната фаза на Уран означува крај на долготрајниот хаос и почеток на поглавје во кое пречките се претвораат во предности. Еве кои четири знаци ќе го почувствуваат најголемиот напредок: Астролозите порачуваат дека иако промените можеби нема веднаш да бидат видливи однадвор, внатрешната сигурност е најважниот знак дека работите се движат во вистинска насока.

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие, на територија на Македонија регистрирани се вкупно 14 случаи на семејно насилство, при што осум лица се лишени од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во Тетово, полицијата го приведе 47-годишниот О.С., откако неговиот 76-годишен татко пријавил долгогодишно семејно насилство. Осомничениот, кој бил под дејство на алкохол (2,14 промили), секојдневно упатувал закани и кршел предмети во домот. Во друг случај во тетовско, 27-годишен маж бил приведен откако ѝ се заканувал на својата поранешна партнерка пред домот на нејзините родители. Случаи на насилство се пријавени и меѓу членови на семејства, вклучително и физички напад меѓу…

Повеќе

Вчера во 13:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода О.С.(47) од Тетово. Претходно, во 12:40 часот во ПС Тетово, неговиот 76-годишен татко, пријавил дека подолг временски период тој и неговата сопруга се жртви на семејно насилство од страна на нивниот син. Според пријавата, О.С. во алкохолизирана состојба секојдневно кршел предмети во домот и упатувал сериозни закани по нивниот живот, соопштија од МВР.  Според информациите од полицијата, по лишувањето од слобода, кај О.С. биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта и тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе биде поднесена…

Повеќе

Наместо да ги прфати мерките на СДСМ Владата на Мицкоски задоцни и носи половични решенија кои не даваат резултат. Холистичкиот пристап на македонскиот Далај Лама нема ефект, eден ден после објавата на новата мерка на Мицкоски за горивата, дизелот повторно поскапе на дури 98 денари, се вели во соопштението на СДСМ. „Ова е трето поскапување на цената на дизелот во Македонија или во изминатите 3 недели поскапе за 38%, од 71 денар на сегашните 98 денари за литар. Секое ново покачување на цената на дизелот повлекува нов бран поскапувања, што значи дека граѓаните повторно ќе ја плаќаат цената на неспособниoт…

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска порача дека е клучно најавениот електронски попис да биде спроведен на професионален начин за граѓаните да имаат доверба во крајните резултати. Гаши на денешниот брифинг истакна дека нема ништо против дигитализација на процесот доколку институциите се подготвени за такво нешто. „Мислам дека тоа е прашање на надлежните институции што ги спомнавте одговорни за да го спроведуваат тоа. Ако тие се чувствуваат подготвени, одлично е. Ние немаме нешто против да биде што полесно. Битно е пописот да биде спроведен на најдобар и кредибилен начин, да веруваат граѓаните дека информациите се кредибилни. Начинот како ќе се…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седуммина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Кичево, Росоман, ГП Табановце, Чашка и Ранковце, а возачот во Ранковце возел и со поголема брзина од дозволената. За пречекорување на максимално дозволената брзина санкционирани се возачи во тетовско, кумановско и Свети Николе, а еден возач во скопско управувал возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола. Еден возач во Прилеп возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе…

Повеќе