Author: Author 04

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи значаен чекор напред во зајакнувањето на сајбер-безбедноста на државата. Како резултат на преземените мерки, Македонија се искачи од 59 на 30 место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, со 84,17 поени, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.  „Владата донесе нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, ја усвои Стратегијата за сајбер-безбедност 2025–2028 со Акциски план и ги зајакна механизмите за координација и реакција при сајбер-инциденти. Со овие мерки се создава посигурна дигитална инфраструктура, подобра заштита на податоците на граѓаните и поголема отпорност на државните системи. Ова е конкретен резултат од реформите и…

Повеќе

Полицијата синоќа на територијата на Скопје спроведе зајакната акциска контрола во сообраќајот при што се санкционирани вкупно 262 возачи, од кои дури 102 се управувачи на мопеди и мотоцикли. При акцијата се уапсени шест лица, а еден мотоцикл е привремено одземен. Засилените контроли се спроведени во периодот од 18:00 до 01:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици при СВР Скопје, со посебен акцент врз мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли. Притоа, од изречените 102 мерки за мотоциклисти, најголемиот дел — односно 93 санкции — се за управување мотоцикл без заштитна кацига. Во четири случаи…

Повеќе

На граничните премини Табановце за влез и излез од државата и на Богородица за излез, времето на чекање попладнево изнесува од 40 минути до еден час. На останатите гранични премини нема подолги задржувања, соопштуваат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата. Посебно внимание се советува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите поради можна појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница…

Повеќе

Денеска во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови, пред сѐ во планинските региони, се очекуваат услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 21, додека максималната ќе достигне од 35 до 41 степен Целзиусов. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал сообраќајна незгода, додека еден возач управувал возило и покрја тоа што имал активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит,…

Повеќе

Хрватска од 1 март 2027 година воведува нов дигитален систем за наплата на патарините, со кој класичните наплатни рампи и долгите колони на автопатите ќе станат минато. Новиот систем наречен „Crolibertas“ ќе овозможи возилата да минуваат без запирање, а висината на патарината ќе се пресметува според изминатата делница и категоријата на возилото. Дури 212 електронски портали опремени со камери и сензори веќе се поставуваат долж околу 1.400 километри автопатишта. Системот функционира според принципот „слободен проток“, овозможувајќи непречено движење на возилата. За патничките возила до 3,5 тони плаќањето ќе се врши преку автоматско препознавање на регистарските таблички. За оваа опција, возачите…

Повеќе

Неколку лица се повредени во насилен инцидент што се случи во училиште во шведскиот град Фагерста, во централниот дел на земјата. Полицијата употребила огнено оружје за да го неутрализира напаѓачот, по што тој бил приведен. „Добивме дојава за сериозен насилен инцидент во училиште во Фагерста. Полициските екипи веднаш излегоа на терен“, се наведува во официјалното соопштение на шведската полиција. Според информациите од општинските власти во Фагерста, лицето било вооружено со меч и успеало да нанесе повреди на повеќе лица пред да биде совладано од безбедносните сили. Засега не се соопштува точниот број на повредени лица, ниту пак тежината на нивните…

Повеќе

Вчера на 20 август 2026 година во 15:05 часот полициски службеници го лишиле од слобода Т.Б. (82), жител на село во велешко. Мажот бил приведен по претходно добиена пријава дека физички ја нападнал својата 78-годишна сопруга.Според досегашните наводи, ваквите случаи се повторувале во подолг временски период. За случајот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјални работи Велес. Од полицијата посочуваат дека по целосното документирање на настанот против 82-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесувала 48.381 денар, што е за 6,4 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, ваквиот раст на просечната плата главно се должи на зголемувањето на примањата во три сектори. Најголем скок е забележан во секторот административни и помошни услужни дејности, каде што платите пораснале за 10,6 проценти. Следуваат земјоделството, шумарството и рибарството со раст од 8,1 процент, како и секторот транспорт и складирање со зголемување од 8 проценти. Од друга страна, статистиката евидентира пад на просечната месечна нето-плата во споредба со…

Повеќе

На територијата на државата во моментов се активни повеќе од 15 пожари на отворен простор, од кои четири се поголеми и поинтензивни, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Најголемиот пожар и понатаму е во Мариовскиот регион, на подрачјето на општините Прилеп и Битола, кој денеска е ставен под делумна контрола. „Кракот којшто се движи над селото Крушевиште е значително намален. Можеби во вечерните часови ќе се приближи кон селото, но таму, на лице место, се наоѓаат сили од локалните пожарникари, поддржани со тимовите за брз одговор на ДЗС, составени од доброволци од Битола, Кочани и…

Повеќе