- Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер
- Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје – Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора
- По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
- Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
- Сиљановска – Давкова: Историјата е дел од нашиот идентитет, не можеме да ја ревидираме на барање на некој друг
- Брза интервенција спречи трагедија: Маж извлечен од Вардар од очевидец кој видел дека се дави, пренесен е во болница
- Уапсени двајца охриѓани бидејќи натепале свој сограѓанин
- 45-годишник заврши зад решетки – полицијата му најде бела прашкаста материја
Author: Author 04
По топлиот бран, Македонија се подготвува за период на променливо и значително посвежо време. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за силен северен ветер кој ќе го зафати регионот веќе од утре. Особено критично ќе биде долж Повардарието и во источните делови на земјата, каде брзината на ветерот ќе надминува 60 km/h. „Од четврток утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени“, соопштуваат од УХМР. Промената ќе биде најизразена во четврток наутро, кога граѓаните треба да очекуваат први мразеви по подолг период.
Скопје интензивно се подготвува за титулата Европска престолнина на културата во 2028 година. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека тимовите работат деноноќно, а градот наскоро ќе добие и нов лик преку најавеното ребрендирање. Како дел од овие активности, Ѓорѓиевски најави значаен настан кој ќе се одржи на 15 април. „На 15 април ќе се одржи официјална средба на градоначалниците на Нова Горица, Горица и Скопје. Истиот ден, во 18 часот во Музејот на Град Скопје, ќе биде отворена заедничка изложба на трите града, што е дел од соработката и размената на искуства со европските градови“, истакна градоначалникот. Тој додаде дека…
Денешното рочиште за предметот „Онкологија 2“ помина во знакот на жестоки расправии меѓу одбраната и обвинителството. Адвокатката Анита Бегова упати сериозни обвинувања дека обвинителството презентира незаверени копии од документи кои немаат никаква доказна вредност според Законот за кривична постапка. „Сите докази се доставени во копија, а дел од нив немаат ниту печат ниту потпис. Законот е дециден – материјалните докази мора да бидат во оригинал или заверена копија. Ова е суштествена повреда на постапката“, децидна беше Бегова. Додека траеше „војната“ со документите, екс-директорите на Клиниката за онкологија, Никола Васев и Нехад Нухи, побараа да излезат од затворски и да заминат…
Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (среда, 08.04.2026 година), неколку скопски општини и околни села ќе останат без електрична енергија. Од ЕВН информираат дека прекините ќе траат во текот на претпладневните и попладневните часови. Распоред на прекини:
Вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) од овој месец ќе добиваат повисоки плати. Директорот на Фондот, Никола Мемов, денеска стави потпис на Анексот на Колективниот договор заедно со претставниците на синдикатите УПОЗ, САДУ и КСОМ. Според договореното, првото покачување од пет проценти ќе биде исплатено со априлската плата, а истиот тренд на зголемување ќе продолжи и во следните две години. „Очекувам дека ова покачување на платите ќе биде стимул за поефикасно и поодговорно работење. Ние сме сервис на осигурениците и пензионерите, а нивното задоволство е наш секојдневен предизвик“, истакна Мемов по потпишувањето. Синдикалците изразија задоволство од постигнатиот…
Грција воведува „картичка за попуст“: Парична помош за граѓаните поради поскапувањето на енергенсите
Грчката влада официјално започна со реализација на мерката за финансиска поддршка на граѓаните за трошоците за гориво. Како одговор на енормниот раст на цените предизвикан од конфликтите во Украина, властите во Атина воведуваат субвенции за домаќинствата со пониски и просечни примања, пренесува ДПА. Граѓаните кои ги исполнуваат критериумите ќе можат да аплицираат за таканаречената „картичка за гориво“ до крајот на овој месец преку посебен државен портал. Колку пари ќе добијат Грците? Исплатата ќе се врши директно на банкарска сметка или преку дигитална дебитна картичка, а мерката ги опфаќа месеците април и мај. Грчката администрација најави дека будно ја следи состојбата…
истински хаос претпладнево во законодавниот дом за време на Јавната расправа за еднакви права на мажите и жените. Наместо конструктивен дијалог, седницата се претвори во арена на меѓусебни обвинувања откако пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците бурно реагираше поради непочитување на Законот за јазиците. Даути од говорницата побара итна пауза бидејќи документите за расправата не ѝ биле доставени на албански јазик, упатувајќи тешки зборови до организаторите. „Како да се зборува денеска за насилство кога самата бев жртва на психичко насилство“, истакна Даути, обвинувајќи дека нејзините права како пратеник се прекршени. На ова остро реагираше заменик-претседателката на Комисијата, Весна Ѓорѓиева,…
Вчера во 18:58 часот во СВР Битола, М.В.(46) од Битола пријавил дека на ул.„Пожаревачка” во Битола, задното стакло од неговото патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки било оштетено од огнено оружје. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Од СВР Тетово информираат дека случајот бил пријавен вчера околу 7 часот, кога од болницата известиле дека кај нив била примена Р.М. (29), која набргу по приемот починала. Смртта ја констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција во Судска медицина. Се очекуваат дополнителни информации по завршување на обдукцијата, која треба да ги утврди причините за смртта.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше дека состојбата со јавниот градски превоз е значително подобрена во однос на претходниот период. Одговарајќи на советнички прашања, тој посочи дека бројот на функционални возила на ЈСП Скопје е во пораст. Според неговите зборови, од критичната состојба со само 130 возила, денеска од гаражите на јавното претпријатие секојдневно излегуваат по 180 автобуси. „Имаме зголемено за 50 функционални автобуси во изминатиот период или бројката е 180 автобуси што сообраќаат на линиите, а се сопственост на ЈСП Скопје. Дали е идеална состојбата? Далеку е од тоа, но го даваме максимумот“, истакна Ѓорѓиевски. Градоначалникот нагласи дека…
