Author: Author 04

СДСМ објави видео од експлозија на бомба во дворот на М. Б, вработен во МВР, поврзан со кумот на Мицкоски. Зошто се крие од јавноста?, прашуваат од СДСМ. Која е позадината?, исто така прашуваат од СДСМ. Од СДСМ најавија дека утре ќе објават детали доставени од свиркачи.

Повеќе

Дваесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 живот во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани во март 2025 година, е еден од 16-те добитници на годинашната награда „Младинска храброст 2026“ (Young Courage Award). Признанието го доделува Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и шведските амбасади, за млади луѓе на возраст од 13 до 20 години кои со своите постапки поттикнуваат позитивни промени. Востановена во 2015 година во чест на Раул Валенберг, наградата им оддава признание на младите кои покажуваат извонредна храброст и морални вредности во своите заедници. Наградата им оддава признание на млади кои и покрај…

Повеќе

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска потпиша договори за грант доделени преку Првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги. На потпишувањето присуствуваа градоначалници и претставници на граѓански организации – партнери во реализацијата на грантовите, преку кои во повеќе општини низ државата ќе се воспостават и унапредат социјални услуги, согласно потребите на локалното население. Со доделените грантови се поддржува развојот на достапни, квалитетни и одржливи социјални услуги во локалната заедница, приспособени на потребите на корисниците и насочени кон подобрување на нивниот квалитет на…

Повеќе

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против Е.М., Е.Р.(30), Ѓ.А., А.Р.(32) и еден малолентик поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик. Имено, на 16.08.2026 во 01:15 часот на подрачјето на општина Аеродром настанала физичка пресметка помеѓу Н.Е.(36) и Е.М.(43) од Скопје. Притоа, С.И.(23) од Скопје се обидел да му помогне на Н.Е., но за кратко се собрале повеќе лица и со тврди и стаклени предмети ги нападнале Н.Е. и С.И. и им нанеле тешко телесни повреди. По преземени мерки, обезбедени…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник. Додека, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол, соопштија од МВР. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување со возило. Со одговорно…

Повеќе

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, упати нов апел до граѓаните за максимална внимателност и одговорност во текот на летниот период за да се спречат пожари на отворен простор. При обиколка на подрачјето покрај реката Треска, Ангелов преку видеопорака укажа на конкретен пример каде што било поставено огниште за скара во непосредна близина на сува трева и суви гранки кои водат кон шумата. Тој предупреди дека ваквиот невнимателен однос во услови на високи температури и суво време претставува сериозна опасност од избувнување на шумски пожари. – Видете го ова. Видете ја оваа сува трева. Видете го…

Повеќе

Вчера во 20:30 часот во СВР Битола, А.С.С.(35), параглајдерист од Полска пријавил дека слетал на непознат терен над с.Стровија, долго пешачел, дека е изморен, но не и повреден. На 17.08.2026 околу 03.00 часот на непристапен терен на планината Даутица, полициски службеници од Полициското одделение Ропотови и од Полициската станица Прилеп го пронашле А.С.С. во добра здравствена состојба и е пренесен во местото каде престојува.

Повеќе

Вчера во 11:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.О.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговиот 40-годишен внук и се обидел да го нападне со тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Проектот за уредување на коритото на реката Серава и изградбата на нова пешачка патека во Бутел влегува во својата завршна фаза, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Проектот опфаќа нова пешачка патека во должина од 1.590 метри, наменета за рекреација и прошетка на граѓаните. Во рамките на уредувањето е поставено современо ЛЕД осветлување, нови клупи, урбана опрема, зеленило, како и нови детски игралишта. – Нашиот народ предолго слушаше ветувања. Време е да гледа дела. Чекор по чекор, проект по проект, го менуваме Бутел и го градиме Скопје какво што заслужуваат неговите граѓани. Не застануваме. Скопје го правиме заедно. По…

Повеќе

Најмладиот хоспитализиран пациент со невроинвазивна форма на западнонилска треска во земјава има 25 години и се наоѓа во стабилна здравствена состојба, додека викендов е регистриран трет смртен случај кај 61-годишен пациент со сериозни придружни заболувања. Досега во државава лабораториски се потврдени 35 случаи на вирусот, а за уште тројца суспектни се чекаат резултатите од дијагностиката. На Клиниката за инфективни болести во моментов се лекуваат 16 пациенти, од кои шестмина се во критична состојба. Директорот на Клиниката, Фадил Цана, соопшти детали за нивната возраст и состојба: „Овие шестмина кои се во критична состојба и се лекуваат во Одделот за интензивна нега…

Повеќе