Author: Author 04

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, денес ја посети Адили Фарм, каде се спроведува модерна иницијатива за одгледување на печурки морел. Во 14 оранжерии, со околу 16.000 вреќи со субстрат и систем за наводнување во форма на дожд, оваа фарма веќе се наоѓа во фаза на берење. Морел печурките се меѓу најбарани во гастрономијата, познати по нивните нутритивни вредности и високата цена на пазарот. Заменик-министерот му честиташе на Омер за посветеноста и успешното водење на оваа иницијатива, оценувајќи ја како јасен пример за иновации што младите ги внесуваат во земјоделството. Се обврзуваме да ги поддржуваме новите иницијативи како…

Повеќе

Малите дела создаваат голема надеж. Никој не е заборавен!, напиша градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Во пресрет на најрадосната вест за нас христијаните, Воскресението Господово, најважно е таа радост да ја споделиме со другите, да си подадеме рака кога е најпотребно и да останеме заедно и во добро и во тешко, вели Ѓорѓиевски. „Големи денови се пред нас, а човечката големина не се мери со зборови, туку со дела“, посочи градоначалникот. Токму затоа, денес, Ѓорѓиевски заедно со неговите колеги, градоначалниците на Гази Баба и Ѓорче Петров, Бобан Стефковски и Александар Стојкоски, посетија неколку семејства од социјален ризик. Им поделија…

Повеќе

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, од нив двајца управувале нерегистрирани мотоцикли без дозвола Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 11 управувале возило без возачка дозвола, двајца и покрај тоа што имале активна забрана и еден под дејство на алкохол. Од 11-те лица кои управувале возило без возачка дозвола, тројца се во Гостивар, по двајца во Делчево и Скопје (еден управувал нерегистриран мотоцикл), а по еден во Тетово, Кавадарци, Битола и Гевгелија (управувал нерегистриран мотоцикл). Еден возач во Скопје и…

Повеќе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.Целта на Меморандумот е дополнително развивање и унапредување на соработката меѓу Јавното обвинителство и Агенцијата што треба да овозможи ефективна и ефикасна превенција и кривичен прогон. Покрај зајакнување на законски воспоставените механизми за размена на податоци и информации меѓу двете институции, Меморандумот предвидува и размена на знаења и искуства, учество во заеднички проекти, конференции и работилници, како и унапредување на комуникацијата во други области од заеднички интерес. Со документот е регулирана и примената на стандардите за…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Б.Т.(66) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, како директор на општински ученички дом „Боро Менков” во Крива Паланка, во 2024 година додека бил на годишен одмор остварил 63 часа работа подолга од полното работно време, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 23.945 денари на штета на буџетот на установата.

Повеќе

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицковски, денес го означија почетокот на изградбата на канализационен систем за отпадни води во село Враништа, општина Струга. Според Хоџа, заштитата на животната средина значи и инвестиции во инфраструктура во помалите места, кои со години биле запоставени и без основни услови за живот. Само со рамномерен развој и опфат на сите можеме да направиме вистински зелен пресврт, додаде Хоџа. Станува збор за инвестиција вредна 91.427.969 денари милиони денари, целосно финансирана од МЖСПП преку Вториот повик од Унгарскиот кредит, со рок на реализација од 12 месеци.…

Повеќе

Создаваме ново, современо и функционално катче за сите жители на Аеродром – вистинска урбана оаза.Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и сопственикот на Трговскиот центар „Капитол Мол“, Ајдован Адемоски, извршија увид во градежните активности за уредување на просторот во непосредна близина на трговскиот центар, каде се оформува модерна јавна зона – наменета за дружење, рекреација и квалитетно поминување на слободното време.Во рамките на уредувањето се поставува современо детско игралиште од отворен тип, со безбедни и квалитетни реквизити кои ќе донесат радост за најмладите.Просторот се збогатува и со фитнес справи на отворено, урбана опрема (клупи, маси и столчиња), корпи за отпадоци,…

Повеќе

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ч.(57) од Охрид поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело  „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 29.07.2025, по претходна пријава дека на јавно место на потегот од место викано „Чинар“ до црквата „Св.Богородица“ носел пушка, преземени се мерки и пријавениот е пронајден во неговито двор, под дејство на алкохол и до него имал пушка ТОЗ–18–01 калибар 22LR, за која не поседувал дозвола.    

Повеќе

Утрово во 03:40 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода Д.А.(20) од Прилеп, С.Џ.(27) од Прилеп, С.Џ.(19) од Прилеп, Д.Р.(31) од Прилеп, Д.М.(18) од Битола, Е.М.(26) од Битола, М.Х.(22) од Битола, Ј.Х.(19) од Битола и Р.Х.(34) од Кичево. Тие се сомничат дека во 01:30 часот на Осломешка крстосница го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што биле употребени дрвени предмети и ножеви и притоа со расекотини и повреди се здобиле две лица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе