Author: Author 04

Цените на нафтата денеска забележаа остар скок на светските берзи, достигнувајќи го прагот од 102 долари за барел. Ваквиот потрес на пазарите доаѓа по одлуката на САД да воведат поморска блокада на иранските пристаништа, што ги подгреа стравувањата за сериозен дефицит на енергенси од регионот на Персискиот Залив. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 6,65 долари и изнесува 101,85 долари, додека на американскиот пазар поскапувањето изнесува 6,07 долари, со што нафтата се тргува по 102,64 долари. Инвеститорите реагираат на колапсот на преговорите во Исламабад и наредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за воена интервенција во Ормутскиот теснец. САД…

Повеќе

Новиот лидер на унгарската политичка сцена, Петер Маѓар, чија партија „Тиса“ однесе убедлива победа на изборите, упати сериозна порака до поранешниот македонски премиер Никола Груевски и поранешни високи полски функционери. На својата тричасовна конференција, Маѓар најави крај на периодот во кој Унгарија служеше како прибежиште за странски осуденици. Маѓар направи директна паралела меѓу случајот на Груевски и полските политичари Збигњев Зиобро и Марчин Романовски, нагласувајќи дека новата власт нема да толерира лица со меѓународни пресуди на своја територија. Во својата изјава тој беше дециден за статусот на поранешниот македонски премиер: „Мислам дека зборував многу јасно за ова претходно, дека предложив…

Повеќе

Македонската сообраќајна полиција, како членка на Европската мрежа ROADPOL, од денеска се приклучува кон големата европска акција за контрола на брзината. Акциските контроли ќе траат до 19 април, со посебен фокус на санкционирање на возачите кои не ги почитуваат ограничувањата. Клучниот момент од акцијата е најавен за среда, 15 април, кога ќе се спроведе 24-часовен „Маратон на брзина“. Во периодот од полноќ во среда, па се до полноќ во четврток, на територијата на целата држава ќе има непрекинати контроли на брзината на движење. Од Министерството за внатрешни работи нагласуваат дека брзото возење останува една од водечките причини за тешки сообраќајни…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во текот на денешниот ден ќе ги соопшти новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.Оваа одлука доаѓа по најавите на премиерот Христијан Мицкоски за значително намалување на трошоците за возачите.

Повеќе

Православните христијани денеска го одбележуваат третиот ден од Воскресението Христово, во народот познат како Светол вторник. По Страдалната седмица, овој ден симболизира победа над смртта и претставува потврда на верата за сите верници. Суштината на овој празник е содржана во христијанското учење за вечниот живот. Како што се наведува во црковните записи: „Ако Христос не воскреснеше, залудна ќе беше верата и надежта на луѓето.“ Според преданието, на третиот ден по погребението, жените мироносици го нашле празниот гроб, каде од ангелот ја примиле веста за воскреснувањето. Оваа радосна вест останува темел на христијанската црква и најголема радост за човештвото. Денот е…

Повеќе

Времето денеска променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Според прогнозите, попладне и во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, пред сè во јужните и западните делови од земјата. Особено внимание треба да се обрне на ветерот. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, чија брзина ќе надминува 60 километри на час. Максималните температури ќе се движат во интервал од 17 до 22 степени, додека минималните ќе се спуштат до 4 степени. Во Скопје претпладнето ќе биде сончево, но попладне се очекува зголемување на облачноста проследено со умерен до засилен југоисточен ветер.…

Повеќе

Родителите на децата кои го загубија животот во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска одржаа средба со директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков. Главна тема на разговор беа токсиколошките анализи, за кои семејствата со месеци бараат одговори. Директорот Станков по средбата изјави дека Институтот ја завршил целата своја работа и дека сите докази се веќе предадени во Обвинителството. „Објаснето им е сè што треба досега. Сите наоди ќе бидат јавно презентирани во текот на судската постапка“, истакна Станков. Александар Наунов, татко на починатата Надица и претседател на здружението „16 март 2025 Кочани“, изрази умерена доверба во…

Повеќе

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.П.(69) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информираа од МВР и додаваат дека случајот е нотиран на 2.април годинава во Струмица, кога полициски службеници извршиле преглед на пријавениот и на патничкото возило кое го управувал, при што бил пронајден и одземен кокаин.    

Повеќе

Бугарскиот европратеник Илија Лазаров (ГЕРБ) упати остри критики кон својот колега Томас Вајц, обвинувајќи го дека е под „туторство“ на премиерот Христијан Мицкоски и министерот Тимчо Муцунски. Поводот за оваа реакција е предлогот на Вајц за амандман со кој се доведува во прашање Вториот протокол од Договорот со Бугарија, кој е дел од преговарачката рамка. „Секоја промена во европскиот консензус ќе ѝ даде на Бугарија право да стави вето на членството на Северна Македонија“, изјави Лазаров во интервју за БГНЕС. Тој со недипломатски речник порача дека Скопје мора да се однесува „пристојно“ ако сака да биде дел од европскиот клуб…

Повеќе