Author: Author 04

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека историскиската победа на демократијата во Унгарија означуваат крај на автократските режими во регионот и почеток на нов период на демократија и одговорност. „Граѓаните на Унгарија јасно и гласно рекоа: ДОСТА Е од автократијата! Ова е голема, историска победа на демократијата над автократијата, на Европа над руското и кинеското влијание и на владеењето на правото над корупцијата,“ истакна Филипче.Тој потенцираше дека оваа победа има силна регионална порака.„Историската победа во Унгарија испраќа јасна порака до целиот регион: времето на автократите завршува. Паѓаат автократските режими. Следен е Александар Вучиќ, а со него и Христијан…

Повеќе

Целосната имплементација на новиот систем за влез и излез во Европската Унија (Entry/Exit System – EES), која стапи на сила на 10 април, предизвика вистински колапс на најголемите аеродромски центри во Европа. Патниците кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ се соочуваат со повеќечасовни чекања поради задолжителното земање отпечатоци и фотографирање на пасошките контроли. Најкритична е состојбата во Милано, Амстердам и Брисел, каде се регистрирани доцнења и до три часа. Според извештаите на „Airlines for Europe“, новите правила доведоа до стотици пропуштени летови, а авиокомпаниите веќе алармираат дека ситуацијата е неодржлива. Дополнителен удар за европскиот авиосообраќај е и најавениот штрајк…

Повеќе

Првиот петок по Велигден, во православниот календар познат како Источен Петок или Балаклија, е празник посветен на Пресвета Богородица. Овој ден е дел од Светата недела и се празнува во знак на признание кон мајката Божја, а неговото име е тесно поврзано со култните извори на лековита вода. Традицијата на овој празник потекнува од чудотворниот извор во близина на Цариград, наречен „Животодавен источник“. Преданието вели дека војникот Лев, кој подоцна станал цар, со помош на Богородица нашол вода со која му го вратил видот на еден слеп човек. Низ историјата се забележани бројни сведоштва за моќта на оваа вода: Поради…

Повеќе

Македонија се подготвува за едно од потоплите лета во последните години. Според долгорочните прогнози на метеорологот Славчо Поповски, летото 2026 година ќе биде обележано со чести и изразени топлотни бранови со потекло од Африка, кои ќе донесат екстремно високи температури. Најкритично ќе биде во централните и југоисточните делови од земјата, каде термометарот редовно ќе се искачува над 40-тиот степен. Покрај дневните жештини, се најавува и зголемена појава на т.н. „тропски ноќи“, кога минималните температури во поголемиот дел од државата нема да паѓаат под 20 степени. Главната причина за ваквите прогнози е засилувањето на познатиот климатолошки феномен. „Сето ова е поради…

Повеќе

Поради планирани технички зафати во електросистемот, неколку реони во Скопје и околината денеска ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија. Од надлежните служби информираат дека прекините ќе траат по неколку часови. Во општина Карпош, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од делови на улиците: Истовремено, подолг прекин е најавен за реонот на Рашче, каде од 09:00 до 16:00 часот електрична енергија ќе нема во селата Рашче, Копаница и Бојане. Според надлежните, по завршување на работните активности, снабдувањето ќе биде веднаш нормализирано.

Повеќе

Загрепската полиција приведе 25-годишна македонска државјанка под сомнение дека е дел од организирана тричлена група која извршила тешка измама. Како што пренесуваат хрватските медиуми, измамниците успеале да одземат дури 40.000 евра од 87-годишна жена, користејќи добро разработена шема со лажно претставување. Групата ја контактирала жената по телефон, тврдејќи дека нејзината ќерка е итно хоспитализирана и дека се потребни пари за спасоносна операција. Во измамата, еден од сторителите се претставил како лекар, додека друга женска личност преку телефон глумела дека е ќерката на жртвата за да ја доведе во заблуда. Осомничената Македонка следниот ден пристигнала со такси возило на адресата на…

Повеќе

Идната влада на Тиса, предводена од Петер Маѓар, најави длабока реформа на медиумите и враќање на Унгарија на европскиот пат, стои во соопштението од СДСМ.  „Македонија е веќе во медиумски мрак поради медиумите на Орбан кои контролираат 40% од медиумскиот простор, со кои директно управува криминалната организација ВМРО. Лажни вести, измислени афери, деноноќни црни кампањи против СДСМ и јавен лнч врз претседателот Венко Филипче станаа секојдневна реалност во Македонија. Од нашата прва најава дека Орбан ќе падне, кога граѓаните почнаа да сфаќаат дека истите тие медиуми секојдневно ги обмануваат, а ВМРО со својот дефокус ги одвлекува вниманието од клучните теми…

Повеќе

Венко Филипче и неговиот другар и ментор Зоран Заев очигледно овој продолежен празничен викенд беа спречени да заминат во Обединетите Арапски Емирати за да уживаат поради кризата на Блискиот Исток. Но, Филипче очигледно нашол друга дестинација, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо тоа, подобро ќе беше за него и неговото раководство да седнат и да поработат, да ја извадат СДС од живата кал во која ја втурнаа. А излезот од ова е едноставен, јасно оградување од матните зделки и криминали на Заев додека СДС беше на власт. Филипче може да почне со оградување од сомнителните пријатели и матни бизнис партнери на Заев…

Повеќе

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје денеска ги објави најновите резултати од редовните анализи, со кои се потврдува дека водата во главниот град е целосно безбедна за пиење. Испитувањата на Секторот за санитарна контрола покажале дека квалитетот на водата е во рамките на пропишаните стандарди. Во периодот од 6 до 11 април биле земени стотици примероци од десетици различни локации низ целиот град за да се утврди хемиската и биолошката исправност. „Секторот за санитарна контрола зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените…

Повеќе

Вчера во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Кленоец“ во Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(52) од с.Горно Лакочереј, охридско, удрило во пешакот А.Н.(55) од с.Свиништа, охридско и го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Охрид, возачот З.Ј. е пронајден и по наредба на јавен обвинител е лишен од слобода и возилото е одземено, а при извршени проверки било констатирано дека З.Ј. е под дејство на алкохол, односно има…

Повеќе