Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Ловочуварот го затекнал со усмртено животно за време на ловостој: Приведен 56-годишен неготинец

    25.08.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

    Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

    20.08.2026 во 11:351 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со
    почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа
    посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата.

    Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој на афирмираната
    фитнес инструкторка Елена Бубало ќе ѝ се придружи Емилија Колоска, едно од
    најпрепознатливите имиња на охридската фитнес сцена. По минатогодишното издание во Охрид, РЕсет повторно се враќа во градот, продолжувајќи ја серијата настани низ земјава што ги
    поврзуваат активниот начин на живот, добрата енергија и дружењето .



    Покрај заедничкиот тренинг, програмата ќе биде надополнета со музика и дружење. За
    атмосферата ќе се погрижи локалниот диџеј Климент.

    РЕсет е платформа на „Реплек“ создадена со цел да поттикне ведар дух, здраво тело и ментална
    сила. Преку бесплатни фитнес активности и настани низ земјава, таа ги охрабрува граѓаните да
    направат простор за повеќе движење, позитивна енергија и грижа за сопственото здравје.
    Јубилејното десетто издание е отворено за сите, без разлика на нивото на физичка подготвеност, а учеството е бесплатно.

    Учесниците треба да понесат простирка за вежбање и да бидат облечени во удобна спортска
    облека. За учество е потребна претходна регистрација, која може да се направи преку следниот
    линк: https://tinyurl.com/rr2ada4s.

    Прочитај повеќе

    Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта

    25.08.2026 во 22:42

    Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?

    25.08.2026 во 22:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.