Author: Author 04

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по брза постапка против К.Ш., на работно место полицаец во ПС ОН Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“ по член 353 од КЗ и од страна на судија за претходна постапка му се одредени мерки на претпазливост. Пријавениот К.Ш. на 11.04.2026 околу 09:00 часот, при вршење на службени дејствија, по претходно примена пријава за нарушен јавен ред и мир со физички напад која му била задолжена за работа, ја искористил својата службена положба…

Повеќе

Вчера во 13:45 часот, во Полициското одделение Јегуновце, С.Ј. (32) од с. Вратница, во својство на претседател на општинска организација на политичка партија, пријави дека во текот на ноќта помеѓу 12 и 13 април, непознат сторител со тврд предмет скршил три прозорци на канцеларијата на политичката партија, лоцирана во с. Јегуновце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска помош била донесена 12-годишна малолетничка од Богданци, која се здобила со тешки телесни повреди при пад од електричен тротинет на ул. „Васо Марков“ во Богданци, известија од МВР во дневниот билтен.  Увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.

Повеќе

Денес на терен, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за реконструкција и трансформација на Старата чаршија, една од најзначајните инфраструктурни интервенции во ова историско подрачје во последните децении. Проектот опфаќа површина од 1.567 м² и предвидува реставрација на калдрмата со травертински камен, со што се зачувува историската автентичност на Чаршијата, како и целосна модернизација на подземната инфраструктура, вклучувајќи водовод, канализација, електрична мрежа и оптичка инфраструктура. Интервенцијата вклучува и ново осветлување во традиционален стил, уредување на пешачките површини и поставување на урбана опрема, со што се создава функционален и атрактивен простор за граѓаните и посетителите. „По…

Повеќе

На 13.04.2026 во 21:25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 35-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот и се заканувал на неговата 32-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 13.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје 33-годишна жена пријави дека на 09.04.2026 во нејзиниот дом на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот партнер И.Ф. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 14.04.2026 во 01:30 часот…

Повеќе

Во текот на изминатиот продолжен викенд (10/11/12/13.04.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1303 издадени платни налози, 488 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 57 лица, од кои шест за возење под дејство на алкохол, 23 за возење без возачка дозвола, четири поради претходно изречена забрана за управување на возило. Во истиот период одземени се 22 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот преглед…

Повеќе

Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, денеска официјално ја презеде функцијата од досегашниот заменик-претседател Лирим Сулејмани. На чинот на примопредавање, Ристов беше детално информиран за клучните процеси во секторите енергетика, водни услуги и новиот сектор – управување со комунален отпад. На првиот работен состанок со членовите на комисијата, во центарот на вниманието беше справувањето со актуелната нафтена криза. „Во фокус на состанокот беше начинот како РКЕ делува во време на ценовна нафтена криза и мерките кои се преземени со цел амортизирање на ценовниот удар на нафтените деривати“, соопштија од РКЕ. Покрај кризните мерки, на Ристов му…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило. Од МВР информираат дека петмина (тројца во Гостивар и по еден во Прилеп и кратовско) од нив управувале возило без возачка дозвола, четворица возеле под дејство на алкохол (двајца во Прилеп и по еден во Демир Хисар и Охрид) и еден возач во Кавадарци со впишана активна забрана за управување на возило. Од таму додаваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,…

Повеќе

Во недела во 12:57 часот во СВР Скопје Е.Џ.(42) од Скопје, пријави дека на подрачјето на Бит Пазар на подот од терасата во домот пронашла заталкано зрно од огнено оружје, информираа од полцијата во дневниот билтен.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Германскиот авиосообраќај денеска е во тотален прекин откако пилотите на националниот авиопревозник „Луфтханза“ стапија во масовен штрајк. Поради несогласувањата со раководството околу платите и пензиските шеми, само на аеродромот во Франкфурт се откажани повеќе од 1.100 полетувања, додека во Минхен оваа бројка достигна 700 летови. Штрајкот, организиран од синдикатот ВС, ги опфаќа пилотите на матичната компанија, но и на подружниците „Луфтханза карго“ и „Луфтханза ситилајн“. Главните барања се насочени кон покачување на платите и корекција на надоместоците за пилотите во подружницата „Ситилајн“. Додека пилотите на „Евровингс“ се очекува денеска да се вратат на работа, ситуацијата дополнително ќе се влоши во…

Повеќе