Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти црните сценарија на СДСМ, цените на горивата се најниски во регионот, а инфлацијата падна на 2,3%

    ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти црните сценарија на СДСМ, цените на горивата се најниски во регионот, а инфлацијата падна на 2,3%

    25.08.2026 во 12:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Наспроти најавите и црните сценарија на СДСМ, цените на горивата се најниски во регионот, инфлацијата падна на 2,3%, а јавниот и државниот долг се намалуваат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение по прес-конференцијата на Јованка Тренчевска.

    Од владејачката партија посочуваат дека опозицијата континуирано шири апокалиптични сценарија со цел да предизвика недоверба и страв кај граѓаните.

    „Кога СДС нема што да каже, ете ги ќе најдат некој да излезе на прес-конференција за да заплашува народ и да шири апокалиптични сценарија. Уште од пред околу две години кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт зборуваа дека државата ќе банкротира, па после само уште не банкротирала, дека мигранти ќе доаѓале, дека цените на производите многу ќе поскапеле. Што ли уште што не измислија“, се наведува во соопштението.

    Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека макроекономските показатели ја демантираат опозицијата, посочувајќи конкретни податоци за јавниот долг и движењето на цените.

    „Наспроти сите нивни тврдења не само што државата не банкротира, туку по долг временски период имаме намалување на јавниот долг за 20 милиони и државниот за 40 милиони евра. Додека цените на производите во континуитет се следат и се држат под контрола, така што сега инфлацијата се намалува за разлика од период на власт на СДС кога рушеше двоцифрени рекорди“, наведуваат од партијата.

    Во однос на изјавите за поскапување на производите и инфлацијата, од ВМРО-ДПМНЕ ги посочуваат официјалните податоци од Државниот завод за статистика.

    „А, денес еве ги пак СДС кои сега ја пратија Јованка Тренческа да заплашува народот, да всади недоверба во граѓаните и пак да најавува дека цените ќе растеле. Додека тие зборуваат дека цените ќе се зголемат, реалноста е сосема поинаква и тоа го потврдуваат сите надлежни институции и цените во маркетите. Така податоците на ДЗС за јули месец потврдија дека инфлацијата на годишно ниво значително се намали и изнесува 2,3%“, стои во реакцијата.

    Во врска со цените на нафтените деривати и критиките за земјоделството, од владејачката партија напоменуваат дека цената на горивата зависи од глобалните берзи, но сепак е меѓу најниските во регионот.

    „Во однос на цените на горивата, ги потсетуваме СДС дека тоа се берзански производи, но и покрај тоа, благодарение на мерките преземени од Владата, Македонија останува на најниски цени во регионот. И, ако СДС и Тренческа имаат забелешки во однос на цените и откупот на пиперката им порачуваме да се обратат до кланот Заев, кои ја имаат најголемата фабрика за производство на ајвар“, се вели во соопштението.

    Од ВМРО-ДПМНЕ на крајот повторуваат дека сите економски показатели укажуваат на стабилност наспроти тврдењата на опозицијата.

    „Така да, наспроти најавите и црните сценарија на СДС како за банкрот на државата, така и за зголемувањето на цените, инфлацијата падна на 2,3%, јавниот и државниот долг се намалуваат, а цените на горивата се најниски во регионот“, заклучуваат од владејачката партија.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.