Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манчев даде отчет за првата година од вториот мандат: Се реализираат проекти за канализација, водовод и патна инфраструктура во Општина Босилово
    • Иванов за градоначалникот Јорданов и ВМРО-ОКГ во Штип: Скандали, непотизам и зголемени трошоци за граѓаните
    • Пронајдени 28 пиштоли во деловен простор во Куманово – приведено едно лице
    • Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно
    • Мајка оставила две мали деца на планина во Полска за да го продолжи искачувањето – ги пронашле планинари
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Од утре најавува „потоп”
    • Поднесено обвинение за тешко убиство кај Рума: 19-годишник се сомничи дека го убил партнерот на мајка си и го запалил телото
    • Цената на нафтата расте
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тренчевска: Цел свет се подготвува за глобален проблем со поскапа храна само Владата на Мицкоски не презема ништо

    Тренчевска: Цел свет се подготвува за глобален проблем со поскапа храна само Владата на Мицкоски не презема ништо

    25.08.2026 во 11:373 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цената на дизелот надмина 100 денари за литар, што е нов директен удар врз стандардот на граѓаните, но и врз македонското земјоделство, обвини на денешната прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска. Според неа, за само шест месеци цената на овој енергенс е зголемена за 43 проценти, што неминовно ќе доведе до нов ценовен бран кај храната.

    „Над 100 денари за литар дизел значи нов ценовен удар врз секое македонско семејство. Поскапото гориво значи поскап транспорт, поскапо производство и на крајот – поскапа храна. Во услови кога потрошувачката кошничка веќе достигна речиси 70.000 денари, а платите стагнираат, секој нов денар на лебот, млекото, зеленчукот и овошјето е директен удар врз семејната трпеза. Половина од семејниот буџет на македонските граѓани оди за храна и пијалаци. Овој ценовен бран затоа ќе биде уште потежок“, потенцираше Тренчевска.

    Потпретседателката на опозициската партија посочи дека последиците особено ги чувствуваат земјоделците, кои се соочуваат со зголемени трошоци за производство и проблеми со откупот.

    „Земјоделците денес повторно протестираат за откупните цени на пиперката, за она што Владата на Мицкоски им го вети, а не им го испорача. Ги излажа. Откупот на пиперката не се решава со прес-конференции, лаги и манипулации, туку со конкретни мерки и сигурен откуп. СДСМ ги поддржува барањата на земјоделците. Во време на СДСМ откупната цена беше 50 денари за килограм. Денес Владата треба да обезбеди и повеќе од 50 денари, затоа што во меѓувреме трошоците за производство значително се зголемени“, рече таа.

    Тренчевска предупреди дека порастот на цените на горивата, ѓубривата и проблеми со наводнувањето директно ја загрозуваат прехранбената сигурност на земјата.

    „Земјоделецот не живее од прес-конференциите на Мицкоски и од лажните ветувања. Живее од цената на својот производ, од сигурен откуп и навремена исплата. Живее од тоа дали може да купи гориво, семе и ѓубриво за следната сезона. А токму тие трошоци растат. Горивото поскапува, ѓубривото поскапува, наводнувањето е проблем, субвенциите доцнат или се намалуваат“, истакна Тренчевска.

    Според неа, неопходни се итни чекори од страна на властите за заштита на куповната моќ на граѓаните и домашниот аграрен сектор.

    „Македонија има земја, вода, сонце, традиција и вредни земјоделци. Можеме да произведуваме храна и за себе и за регионот. Во време кога целиот свет се подготвува за глобален проблем со поскапа храна, Владата на Мицкоски не презема ништо. Напротив, со ваквата политика на ВМРО-ДПМНЕ земјоделците едвај преживуваат, домашното производство се намалува, зависноста од увоз расте, а храната ќе станува сè поскапа“, порача Тренчевска.

    Таа додаде дека е потребно итно креирање мерки за ублажување на состојбите.

    „Ова е систематско уништување на домашното производство и губење на прехранбената сигурност на државата. Владата мора итно да реагира – со мерки за заштита на стандардот, со поддршка за земјоделците и со обезбедување сигурен откуп и услови за производство. Граѓаните не можат да чекаат, земјоделците не можат да чекаат. Мицкоски мора да преземе одговорност и да престане да се крие зад празни ветувања“, заклучи потпретседателката на СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Манчев даде отчет за првата година од вториот мандат: Се реализираат проекти за канализација, водовод и патна инфраструктура во Општина Босилово

    21.10.2026 во 11:49

    Иванов за градоначалникот Јорданов и ВМРО-ОКГ во Штип: Скандали, непотизам и зголемени трошоци за граѓаните

    21.10.2026 во 11:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.