Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе го пречека својот словачки колега, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.
Според информациите од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, предвидена е билатерална средба меѓу Муцунски и Бланар, по што ќе се одржи пленарен состанок на двете делегации.
Во 11:05 часот е закажана заедничка прес-конференција на двајцата министри, на која новинарите ќе имаат можност да постават прашања.
Во рамки на посетата, словачкиот министер ќе оствари средба и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

