Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    ФОТО: Млада трудница убиена, сопругот се бори за живот – Ги изрешетале во спалната соба, огромна трагедија го потресе регионот

    24.08.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Да се обединиме против Мицкоски – ни ја продава водата и струјата
    • Поевтинува училишниот прибор
    • Серафимовски: Маката на земјоделецот треба соодветно да се вреднува и да се наплати
    • Возрасна скопјанка пријавила закани од поранешната девојка на нејзиниот син
    • Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември
    • Вознемирена скопјанка се јавила во полиција: Золвата ме нападна, фрли и тврд предмет кон мене
    • Драма во Радишани: Тригодишно девојче тешко повредено во лифт од станбена зграда
    • За прв пат да се сложам со Претседателот на СДСМ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стаменов: Со одговорно рударство Иловица може да добие нови работни места,а државата финансиски бенефит

    Стаменов: Со одговорно рударство Иловица може да добие нови работни места,а државата финансиски бенефит

    25.08.2026 во 10:433 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Реализацијата на проектот за бакар во Иловица може да донесе нови можности за
    локалното население, особено за младите кои бараат добро платена работа во својот
    регион, оценуваат жители на Иловица.

    Поддржувачите на инвестицијата сметаат дека развојот на рударството може да
    придонесе за економско заживување на југоистокот и да помогне во намалувањето на
    иселувањето на младите.

    Никола Стаменов, поранешен претседател на Федерацијата на фармери и член на
    локалната иницијатива „И здравје и работа“, за Канал 5 ТВ посочи дека предуслов за
    ваков економски ефект е одговорниот пристап кон животната средина.

    Тој нагласи дека доколку се применуваат светските еколошки стандарди и се обезбеди
    соодветна заштита на животната средина, проектот може да создаде придобивки не
    само за локалната заедница, туку и за државата.

    „Ние сме за отворање на рудникот за бакар во Иловица. Имаше неколкумина кои беа
    противници за отворањето, со напомена дека ќе се загадела животната средина, ќе се
    загаделе воздухот и подземните води, почвата… Меѓутоа, со најсовремената европска
    и светска технологија, имаме целосна гаранција дека до тоа нема да дојде“, изјави
    Стаменов како жител на Иловица.

    Тој и претходно има истакнато дека поради бесперспективност неговите деца
    заминале во странство, а во селото останале постарите жители. Во своите јавни
    излагања, Стаменов апелираше надлежните институции да ги слушнат оние што го
    поддржуваат отворањето на рудникот и повика да се формира независно мониторинг
    тело кое ќе го контролира ископот на рудата и дали тоа се врши според пропишаните
    стандарди. 

    Како жител на Иловица, Стаменов истакна дека има повеќемина кои сметаат дека
    покрај можностите за вработување се отвораат и големи можности за економски
    бенефит и станува збор за инвестиција која ќе донесе пораст на бруто домашниот
    производ, нова инфраструктура во населените места, а ќе имаат бенефит и општините
    и регионот и државата.

    Од локалната иницијатива „И здравје и работа“ веќе нагласија дека во Македонија
    дебатата за рударството не треба да се сведе на изборот „или екологија или
    рударство“.

    „Дебатата треба да се води околу тоа дали можеме да имаме рударство кое ги почитува највисоките еколошки стандарди, а истовремено да создава економска вредност за државата и граѓаните. Одговорот треба да го дадат науката, стручната јавност и институциите, а не стравот и политичките поделби“, истакнаа од „И здравје и работа“.

    Според иницијативата, критичката јавност е неопходна, но критиката не смее да значи
    однапред донесен заклучок дека секој рударски проект е опасен.

    „Никој не треба од јавноста да бара слепо да верува во кој било рударски проект. Но,
    исто така, никој не треба да бара од јавноста да верува во обвинувања кои не се поткрепени со стручни анализи и релевантни докази. За секој проект треба да зборуваат фактите, техничката документација, научните проценки и законските
    процедури“, се додава во соопштението.

    Претходно, повеќе домашни експерти нагласија дека во период кога расте на цената
    на бакарот на светските берзи, капацитетите во Иловица, но и оние од
    други наоѓалишта на критични минерали, се значајни и за домашната економија. Дел
    од нив потврдија дека современите технологии овозможуваат безбедна експлоатација
    на минерали, со контролирани процеси и заштита на природата. Коментирајќи го
    технолошкиот процес за ископ на бакарна руда во Иловица, тие велат дека
    таквите технолошки процеси се бенигни и не се деструктивни кон природата.

    Прочитај повеќе

    Да се обединиме против Мицкоски – ни ја продава водата и струјата

    25.08.2026 во 15:43

    Поевтинува училишниот прибор

    25.08.2026 во 15:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.