Author: Author 04

Пишувањата на германските медиуми за поразот на Виктор Орбан се јасна и недвосмислена потврда на сè она на кое СДСМ го говори со месеци, стои во соопштението од СДСМ. „Падот на Орбан не е само внатрешно политичко прашање во Унгарија, има директни последици за целиот регион – особено за политичарите кои беа под негова целосна заштита, како Христијан Мицкоски.  Но и за Александар Вучиќ и Милорад Додик кои се дел од „авторитарното братство“. „Орбан постојано градеше мрежа од нелиберални аналитички центри, медиуми и партии, кои ги прошируваше, поддржуваше или вршеше послушни изобилни финансиски плаќања, чија иднина сега е неизвесна“ наведува…

Повеќе

По повеќе од 50 години, се започнува историски проект кој ја враќа Старата чаршија во нејзиниот автентичен идентитет и ја воздигнува на ново ниво на развој. Ова е најголемата инвестиција од ваков вид, длабока инфраструктурна интервенција на 1.567 м², со модерни стандарди и долгорочна визија, велат од ВЛЕН. „Се решаваат подземните проблеми со нов водовод и канализација, се гради модерна електрична и оптичка мрежа, а уличките добиваат нов здив со травертински камен и традиционално осветлување. Оваа инвестиција, вредна околу 29 милиони денари, вклучува и реконструкција на околните улици, третирајќи ја чаршијата како функционална целина. Некогаш, звукот на чеканот беше ритамот…

Повеќе

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира дека поради планирани технички зафати во електросистемот, денеска (15.04.2026 година) дел од жителите на општина Ѓорче Петров ќе се соочат со прекин во снабдувањето со струја. Според известувањето од ЕВН Македонија АД, станува збор за:

Повеќе

Министерот за надворешни работи на Кралството Белгија, Максим Прево, денеска ја започнува својата прва дводневна официјална посета на Македонија. Домаќинот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во МНР ќе го пречека својот белгиски колега на разговор „тет-а-тет“, по што ќе следува пленарна средба на делегациите. Главниот акцент на разговорите е ставен на европската иднина на земјата и зајакнувањето на економските врски меѓу Скопје и Брисел. „Централни теми ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, како и перспективите на процесот на проширување на ЕУ, вклучително и натамошната белгиска поддршка за нашата европска интеграција“, информираат од македонското МНР.

Повеќе

Денешниот аспект на Месечината и Марс создава моќен набој на енергија кој нè поттикнува на акција. Прочитајте што ги очекува хороскопските знаци: Овен Енергијата денеска ви е на максимум благодарение на Месечината и Марс во вашиот знак. Ова е идеален момент да го направите оној одлучувачки чекор што долго го планиравте. Сепак, внимавајте на импулсивноста – насочете го огнот во еден проект наместо да се расфрлате на сите страни. Бик Иако околу вас сè се движи со голема брзина, вашата интуиција ви вели да забавите. Денешниот ден е за стратешко планирање во тишина. Размислете добро пред секоја акција; вашата сила…

Повеќе

Денеска Македонија ќе биде под влијание на претежно облачна маса која ќе донесе повремени локални врнежи од дожд во повеќе региони. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе продолжи да дува југоисточен ветер со слаб до умерен интензитет. Температурниот опсег за денеска е значително широк: Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, исто така со услови за повремени врнежи. Температурата во главниот град ќе се движи од утринските 10 до максималните 22 степени.

Повеќе

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, преку видео порака упати силна благодарност до сите царински работници и до оние кои работат денес и на сите кои биле дел од оваа институција во изминатите 34 години. „Во услови на глобална економска и енергетска криза, вашата улога добива уште поголема тежина. Токму затоа, остануваме посветени на спроведување на реформите во секторот царина, како и во вложувањето и стручната поддршка на царинските работници и царината во целост. Само така ќе одговориме на новите предизвици кои доаѓаат од брзата глобализација на трговијата и финансиските системи кои наметнуваат нови очекувања во борбата против нелегалните финансиски…

Повеќе

Синоќа во 22.30 часот било пријавено дека во домот во село Согле, општина Чашка, бил пронајден почина 59 годишниот Г.П. од село Согле, кој претходно имал здравствени проблеми. Како што денеска информираат од СВР Велес, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Повеќе

Три лица вдишале чад откако бил опожарен автомобил во подземна гаража во Куманово, соопшти денеска полицијата. Пожарот се случил на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово на паркирано возило „смарт брабус“ со швајцарски регистарски ознаки. Неколку лица кои вдишале чад биле пренесени во Ургентниот центар-Куманово за укажување на лекарска помош. -Кај нас примени беа три лица, по укажаната медицинска помош се пуштени дома – соопштија од општа Кумановската болница. Пожарот го изгасила Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово. Лани, според евиденцијата на СВР Куманово биле опожарени осумнаесет возила.

Повеќе

Основниот кривичен суд Скопје излезе со официјален пресек за состојбата со предметите против поранешниот премиер Никола Груевски. Клучната новост е дека затворската казна од две години за набавката на луксузниот „мерцедес“ во предметот „Тенк“ е веќе официјално застарена. Од Судот појаснуваат дека апсолутната застареност за извршување на оваа казна настапила на 4 октомври 2024 година, по што е донесено соодветно решение по службена должност. Сепак, застарувањето на овој случај не значи слобода за Груевски, бидејќи против него сè уште се активни меѓународни потерници за други правосилни пресуди. Во моментов, поранешниот премиер се соочува со вкупна затворска казна од над 10…

Повеќе