- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), кои се одржуваат во Вашингтон, оствари работна средба со претставници на Трезорот на САД (U.S. Department of the Treasury), Канцеларија за техничка помош (Office of Technical Assistance – OTA).На средбата беше потврдена континуираната и конструктивна соработка помеѓу Министерството за финансии и Трезорот на САД , насочена кон унапредување на управувањето со јавните финансии, јакнење на капацитетите на институциите и модернизација на финансиските системи.Во фокус на разговорите беше напредокот во реализацијата на тековните проекти за техничка помош во областите на управување со јавниот долг, развој на пазарот на државни хартии од…
Полицијата во Омаха, Небраска, усмрти 31-годишна жена која се обидела да киднапира тригодишно момче во локална продавница на „Волмарт“. Напаѓачката, идентификувана како Ноеми Гузман, го држела детето како заложник во количка за пазарење и го повредила со нож пред очите на полицајците. Според полициското соопштение, полицајците пристигнале на местото на настанот седум минути по повикот и се соочиле со критична ситуација. „Постои видео снимка на која се гледа како осомничената замавнува со нож кон детето и го сече во лицето. Во тој момент, полицајците отвориле оган за да го заштитат момчето“, изјави заменик-началникот Скот Греј. Осомничената починала на местото на…
Денеска, на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се одржи свечена промоција на 100 нови возила наменети за потребите на АД „Пошти на Северна Македонија“. Оваа набавка се смета за значаен чекор кон модернизација на претпријатието и подобрување на поштенските услуги за граѓаните. На настанот ќе присуствува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој по официјалната промоција ќе има свое обраќање до присутните, а предвидена е и изјава за медиумите на која се очекуваат детали за инвестицијата и плановите за ревитализација на Пошта.
Геополитичките тензии достигнаа нова точка на вриење откако американската морнарица принудно врати кинески танкер кој се обиде да помине низ стратешкиот Ормутски теснец. Бродот „Рич Стари“, сопственост на компанијата „Шангај Сјуанрун Шипинг“, нагло го промени курсот под притисок на американските воени бродови кои патролираат во Оманскиот Залив. Ова е првиот сериозен инцидент откако администрацијата на Трамп воведе поморска блокада, ветувајќи дека ќе го спречи секое иранско влијание врз нафтениот проток. Иако танкерот го натоварил својот метанол во Емиратите, тој се најде на мета на американските сили бидејќи сопственикот веќе е под санкции на САД поради претходна соработка со Техеран. Американскиот…
Граѓанската иницијатива Support Kocani информираше за реализација на уште една значајна донација наменета за лицата кои се здобија со изгореници во големиот пожар. Со средства во висина од 1.023.871 денари, обезбедени од донации на граѓани и компании, набавени се специјализирани медицински препарати за нега и регенерација на кожата. Во рамки на оваа набавка се обезбедени: Од иницијативата нагласуваат дека изборот на препаратите е направен во директна консултација со засегнатите лица, согласно нивните реални потреби за долготрајниот процес на закрепнување.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Самитот на албанската дијаспора во Тирана, каде што фокусот беше ставен на улогата на иселениците во демократскиот развој. Во своето обраќање, Гаши порача дека клучот за спречување на миграцијата лежи во креирањето реални можности за граѓаните да го остварат својот потенцијал во сопствената земја. Покрај учеството на Самитот, Гаши оствари значајни средби со државниот врв на Албанија:
Техничката помош на проектот „ЕУ за општините“ го промовираше „Прирачникот за општините за управување со проекти финансирани од ЕУ (2026)“. Оваа значајна публикација е дизајнирана како директна поддршка за локалната администрација, со цел да ги поедностави сложените процеси за аплицирање и имплементација на европските средства. Автори на ова капитално издание се Маргарита Иванова и д-р Александар Шумковски, под уредништво на тим лидерот д-р Клаус Рихтер и Бојан Кордалов како виш уредник за стратешки комуникации. Прирачникот е достапен бесплатно и служи како водич низ методологиите кои обезбедуваат мерлив локален импакт. Евроамбасадорот Михалис Рокас во предговорот порачува дека токму општините се клучните…
Третиот блок на Термоелектраната Битола од синоќа е надвор од функција поради технички проблем. Од АД ЕСМ потврдија дека причина за исклучувањето е скината цевка во сегмент од котелот, по што блокот бил повлечен од мрежа вчера во 18 часот. За да се одржи стабилноста на производството, веднаш се започнати активности за ставање во функција на Блок 1. „Се преземаат сите потребни чекори за вклучување на Блок 1, кој се очекува да биде синхронизиран на електроенергетската мрежа уште во текот на денешниот ден“, информираат од државните електрани.
СДС под водство на Венко Филипче, кој му ја чува фотелјата на Заев, се однесува како да е партија во некоја друга држава, а не во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДС и Филипче критикуваат влади и високи државни претставници на други држави како да се дел од политичкиот живот на тие држави. Филипче и СДС отидоа до таму, повеќе да ги следат, анализираат и да ликуваат на избори и изборни резултати во туѓи држави, отколку во сопствената. Изборите во Македонија за СДС и Венко Филипче како да не постоеле и како на нив да не доживеале историски дебакл. Наместо да се…
Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја предводат делегацијата од нашата земја којашто учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Како дел од делегацијата на Народната банка, на овие средби, ќе земат учество и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ и СБ, како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции. За време на средбите, делегацијата ќе одржи состаноци со заменикот на генералниот директор на ММФ Бо Ли, директорот…
