Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поповиќ: Бараме итно намалување на ДДВ-то за горивата на 5% и преполовени акцизи

    Поповиќ: Бараме итно намалување на ДДВ-то за горивата на 5% и преполовени акцизи

    26.08.2026 во 11:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозицискиот СДСМ бара итно намалување на ДДВ-то за горивата од 18% на 5% и намалување на акцизите за 50%, по најновото поскапување на дизелот кој го надмина износот од 100 денари за литар.

    На денешната прес-конференција, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ, истакна дека ова е нов удар врз стандардот на граѓаните, обвинувајќи ја Владата дека не презема мерки за заштита на потрошувачката кошничка.

    „Нема намалување на ДДВ. Нема намалување на акцизата. Нема мерки за заштита на стандардот. Дури Мицкоски кажа дека нема намера да го намали ДДВ за горивата. Граѓаните во Македонија со најниски плати сега ќе плаќаат литар дизел над 100 денари“, изјави Поповиќ.

    Од партијата наведуваат дека за само шест месеци цената на дизелот пораснала за 43 проценти, што значи дека полнење на резервоар од 50 литри сега ги чини граѓаните над 1.500 денари повеќе во споредба со пред половина година.

    Поповиќ предупреди дека растот на цените на горивата автоматски ќе доведе до зголемување на трошоците за транспорт, производство и земјоделство, што дополнително ќе ја поскапи храната.

    Според неа, потрошувачката кошничка веќе достигнала речиси 70.000 денари, додека платите стагнираат, а половина од семејниот буџет заминува за храна и пијалаци.

    „Секој нов денар на лебот, млекото, зеленчукот и овошјето директно удира врз семејната трпеза. Животниот стандард на граѓаните се намалува, а Владата не презема ништо“, рече таа.

    Од СДСМ порачаа дека бараните две мерки директно ќе ги намалат цените на сите горива и ќе влијаат врз стабилноста на вкупните трошоци за живот, упатувајќи апел до Владата: „Ајде барем еднаш прифатете нешто добро за граѓаните.“

    Прочитај повеќе

    Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

    11.09.2026 во 20:34

    ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

    11.09.2026 во 19:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.