- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Европската комисија денеска излезе со официјален предлог за воведување на единствена апликација на ниво на ЕУ, со која ќе се врши проверка на возраста на корисниците на интернет. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, појасни дека станува збор за софтвер со отворен код кој ќе гарантира целосна приватност. Апликацијата е дизајнирана да не собира лични податоци и да не дозволува следење на корисниците, а нејзината главна цел е да го ограничи пристапот на децата до несоодветни содржини. Според најавите, ова решение ќе биде достапно за користење во сите земји во светот.
Вчера во 11:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(26) од Куманово затоа што во продажен објект на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово, сопственост на В.М.(40) од Куманово, се заканувал кон вработени и со употреба на тврд предмет го оштетил објектот. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Утрово во 06:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги приведоа Ц.М. (38) и Б.А.(40), затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување на ул.„Браќа Миладинови“. При извршена проверка на евиденциите е утврдено дека за Б.А. има активна централна потерница за издржување казна затвор во траење од шест месеци за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на затворската казна.
Вчера во 07:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од здравствен објект на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(46) и И.С.(46), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во спортска обложувалница на подрачје на Кисела Вода. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.
Вчера околу 17:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Стамен Манов“ во Кочани, патничко возило „цитроен“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(40) од Кочани, удрило во седумгодишно дете од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.
Кристијан Дојчиновски од Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) на денешната прес-конференција упати серија обвинувања против премиерот Христијан Мицкоски, нарекувајќи го политичар кој „многу лаже“. Според Дојчиновски, падот на Виктор Орбан во Унгарија предизвикал тотална паника кај Мицкоски, кој сега нагло ја менува реториката кон Никола Груевски. „Граѓаните знаат дека Мицкоски беше советник и директор поставен од Груевски, а потоа и негов наследник. До вчера велеше дека Груевски е жртва на прогон, а денес вели дека ќе оди во затвор. Дали Мицкоски е новиот Ванчо Михајлов кој е спремен на се за да си ја зачува фотељата?“, запраша Дојчиновски.
Вчера во 13:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ќ.Б.(26) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал кон неговата 59-годишна мајка. При лишувањето во неговиот дом била пронајдена и одземена една тегла со марихуана, информираа од СВР Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри критики до СДС и нивниот претседател Венко Филипче, обвинувајќи ги дека наместо да бидат конструктивна опозиција, се фокусираат на изборниот процес во туѓи држави. Според Петрушевски, СДС покажува дезориентираност ликувајќи за резултати во Унгарија, додека нивните сестрински партии таму освојуваат само 1% од гласовите. „СДС и Филипче наместо реформи и аргументирани критики, нудат само лаги и демагогии. Треба да се запрашаат зошто поранешните функционери бегаат од нив, а сегашните се дистанцираат од лојалистите на Заев“, истакна Петрушевски. Тој додаде дека слабиот одзив на делегати на нивниот последен конгрес е јасен сигнал дека…
Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција изјави дека меѓународната јавност и германските медиуми веќе го перципираат премиерот Христијан Мицкоски како „Орбан Џуниор“. Според Жерновски, падот на режимот на Виктор Орбан во Унгарија директно ги разнишува позициите на ВМРО-ДПМНЕ. „Германија го нарече Мицкоски авторитарен политичар и го стави во друштво на Вучиќ и Додик, нарекувајќи ги ’авторитарно братство‘. Ова веќе не е само наратив на опозицијата во Македонија, туку меѓународна дијагноза за корумпиран систем на контрола врз медиумите и бизнисите“, истакна Жерновски. Тој додаде дека победата на демократијата во Унгарија е сигнал за ослободување на целиот…
