Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: На Инфективна клиника се хоспитализирани 21 пациент, шестмина се на интензивно лекување

    Клековски: На Инфективна клиника се хоспитализирани 21 пациент, шестмина се на интензивно лекување

    26.08.2026 во 13:301 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На Инфективната клиника во Скопје во моментов се хоспитализирани 21 пациент кои се лекуваат од нервноинвазивна форма на заболувањето, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.

    Кај 18 од хоспитализираните лица заболувањето е веќе лабораториски потврдено, додека за тројца пациенти сè уште се очекуваат резултатите од тестирањата.

    „Од овие во Клиниката за инфективни болести, 25 се излекувани и отпуштени дома, пет се смртни случаи, за жал, и имаме 21 што се во моментот хоспитализирани – 18 потврдени и три се чекаат резултатите од тестовите“, изјави Клековски.

    Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, шестмина се наоѓаат на интензивно лекување.

    Покрај пациентите кои се лекуваат на Инфективната клиника, еден пациент со оваа дијагноза се лекува во приватна здравствена установа.

    Министерот Клековски појасни дека бројот на потврдени случаи не треба да се толкува како бројка на новозаболени лица во истиот ден, посочувајќи го вчерашното евидентирање на шест случаи.

    „Вчера имавме шест нови случаи, меѓутоа тие не се нови случаи, туку се само потврдени лабораториски случаи“, нагласи министерот.

    Тој додаде дека податоците постојано се менуваат во моментот на известувањето, поради што е потребно да се прави јасна разлика меѓу новозаболени и дополнително лабораториски потврдени случаи.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.