Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Околу 300 кандидати ќе бидат примени во Средното полициско училиште

    Тошковски: Околу 300 кандидати ќе бидат примени во Средното полициско училиште

    26.08.2026 во 13:034 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување во утринската програма на Телевизија Алфа, соопшти дека околу 300 кандидати ќе бидат примени во Средното полициско училиште, односно сите кандидати кои успешно ги поминале предвидените селекции, проверки и елиминациони критериуми. Иако првично беше предвиден прием на 200 ученици, по направените анализи и консултации, како и по обезбедувањето на потребните финансиски средства, Владата донела одлука да бидат примени сите кандидати кои ги исполнуваат условите.

    „Вкупната бројка на кандидати кои ги поминаа елиминационите критериуми поврзани со образованието, потребните оценки, поведението, физичките и здравствените карактеристики е околу 300 деца. Направивме детална анализа дали ќе можеме да ги примиме сите, разговаравме со Министерството за финансии и Владата донесе одлука дека ќе можеме да ги примиме сите. Навистина ќе беше жално да испуштиме кое било од тие деца кои ги исполниле условите“, истакна Тошковски.

    Министерот изрази задоволство од големиот интерес за повторно воспоставеното Средно полициско училиште, за кое се пријавиле над 600 кандидати, оценувајќи дека младите покажале желба својата професионална иднина да ја градат во служба на државата и безбедноста на граѓаните. По 26 години, училиштето повторно започнува со работа од 1 септември, а учениците своето образование ќе го продолжат во трета и четврта година.

    Тошковски потенцираше и дека сите ученици кои успешно ќе го завршат Средното полициско училиште ќе бидат дел од системот на Министерството за внатрешни работи, согласно договорот што Министерството го склучува со нив.

    „Сите кои успешно ќе го завршат Средното полициско училиште ќе бидат дел од системот. Министерството за внатрешни работи е должно да ги обезбеди сите потребни услови тие да станат дел од МВР. Убеден сум дека оваа генерација во иднина ќе биде гордост на Министерството за внатрешни работи“, нагласи Тошковски.

    Во интервјуто министерот се осврна и на досегашните резултати од системот „Безбеден град“, особено на започнатото санкционирање на прекршоците сторени со возила со странски регистарски таблички. Според податоците што ги соопшти, за само шест дена биле доставени и наплатени приближно 11.500 казни, во вредност од околу 8,5 милиони денари. Притоа, Тошковски нагласи дека наплатата на казните не е примарната цел на системот, туку спасувањето човечки животи.

    Како најзначаен показател за ефектите од системот, министерот го издвои намалувањето на бројот на жртви во сообраќајот. Според податоците изнесени во интервјуто, заклучно со крајот на август минатата година биле регистрирани 96 жртви, додека во истиот период годинава бројката е намалена на 58 жртви.

    „Човечкиот живот нема цена. Тоа е нашата стратегија и нашата цел. Мораме да излеземе од црните статистики што Македонија со години ги има во споредба со европските држави и убеден сум дека, ако продолжиме со вакво темпо, во следните две-три години можеме значително да се приближиме до европскиот просек“, порача Тошковски.

    Министерот информираше и дека продолжува проширувањето на „Безбеден град“ на територијата на целата држава. Според најавениот план, примената на системот на територијата на СВР Велес треба да започне во првата половина на септември, а до крајот на септември и на подрачјето на СВР Охрид. Потоа следуваат СВР Струмица и СВР Штип, а се планираат активности и за имплементација на системот на територијата на СВР Битола. Целта е паметниот систем да биде имплементиран на целата територија на државата.

    Во делот на управните служби, Тошковски оцени дека во изминатите две години е направена значајна промена во начинот на кој граѓаните ги добиваат услугите од Министерството. Тој посочи дека се надминати проблемите со недостигот на обрасци и големите гужви, а услугите се децентрализираат преку отворање можности граѓаните да поднесуваат барања, да се фотографираат и да ги подигнуваат документите и во дополнителни канцеларии на управните служби. Најави и реконструкција на управните служби во Струмица и Велес, како дел од поширокиот процес на подобрување на условите за граѓаните.

    Како еден од следните големи проекти, министерот го издвои планот личните карти, возачките дозволи и патните исправи во иднина да се произведуваат во Македонија, преку привлекување светска реномирана компанија која би отворила производствен погон во државата.

    „Целта е Македонија конечно да има свое производство на лични карти, возачки дозволи и патни исправи. Веќе имавме контакти со поголем број светски реномирани компании и се надевам дека оваа година ќе го отпочнеме процесот, за година-две да имаме македонски пасош кој за првпат е произведен во Македонија“, истакна Тошковски.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.