Author: Author 04

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, денеска упати остри критики до Владата на Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја за неспособност и доцнење со мерките против поскапувањата. Според Тренчевска, додека цените на лебот, месото и млечните производи растат пред празниците, Владата нуди само апсурдни изговори. Тренчевска посочи на контрадикторност во изјавите на власта – од една страна се тврди дека сме „трета економија во Европа“, а од друга се вели дека буџетот губи по еден милион евра дневно. „Ако губиме милион дневно, зошто Мицкоски ги повикува граѓаните од соседните земји да точат гориво кај нас? Граѓани на Македонија, вие го спонзорирате точењето гориво…

Повеќе

На 06.04.2026 во 16:30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(53) од Скопје, затоа што околу 14:30 часот со секира ги кршел прозорците од домот, а потоа со нож му се заканувал на неговиот 21-годишен син. Откако пристигнале полициските службеници, тој со нож замавнувал кон нив и им упатувал закани. На 07.04.2026 околу 00:30 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријави дека во домот во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг А.С.(35). На 06.04.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, 23-годишна жена пријави дека на 05.04.2026 во домот…

Повеќе

По топлиот бран, Македонија се подготвува за период на променливо и значително посвежо време. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за силен северен ветер кој ќе го зафати регионот веќе од утре. Особено критично ќе биде долж Повардарието и во источните делови на земјата, каде брзината на ветерот ќе надминува 60 km/h. „Од четврток утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени“, соопштуваат од УХМР. Промената ќе биде најизразена во четврток наутро, кога граѓаните треба да очекуваат први мразеви по подолг период.

Повеќе

Скопје интензивно се подготвува за титулата Европска престолнина на културата во 2028 година. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека тимовите работат деноноќно, а градот наскоро ќе добие и нов лик преку најавеното ребрендирање. Како дел од овие активности, Ѓорѓиевски најави значаен настан кој ќе се одржи на 15 април. „На 15 април ќе се одржи официјална средба на градоначалниците на Нова Горица, Горица и Скопје. Истиот ден, во 18 часот во Музејот на Град Скопје, ќе биде отворена заедничка изложба на трите града, што е дел од соработката и размената на искуства со европските градови“, истакна градоначалникот. Тој додаде дека…

Повеќе

Денешното рочиште за предметот „Онкологија 2“ помина во знакот на жестоки расправии меѓу одбраната и обвинителството. Адвокатката Анита Бегова упати сериозни обвинувања дека обвинителството презентира незаверени копии од документи кои немаат никаква доказна вредност според Законот за кривична постапка. „Сите докази се доставени во копија, а дел од нив немаат ниту печат ниту потпис. Законот е дециден – материјалните докази мора да бидат во оригинал или заверена копија. Ова е суштествена повреда на постапката“, децидна беше Бегова. Додека траеше „војната“ со документите, екс-директорите на Клиниката за онкологија, Никола Васев и Нехад Нухи, побараа да излезат од затворски и да заминат…

Повеќе

Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (среда, 08.04.2026 година), неколку скопски општини и околни села ќе останат без електрична енергија. Од ЕВН информираат дека прекините ќе траат во текот на претпладневните и попладневните часови. Распоред на прекини:

Повеќе

Вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) од овој месец ќе добиваат повисоки плати. Директорот на Фондот, Никола Мемов, денеска стави потпис на Анексот на Колективниот договор заедно со претставниците на синдикатите УПОЗ, САДУ и КСОМ. Според договореното, првото покачување од пет проценти ќе биде исплатено со априлската плата, а истиот тренд на зголемување ќе продолжи и во следните две години. „Очекувам дека ова покачување на платите ќе биде стимул за поефикасно и поодговорно работење. Ние сме сервис на осигурениците и пензионерите, а нивното задоволство е наш секојдневен предизвик“, истакна Мемов по потпишувањето. Синдикалците изразија задоволство од постигнатиот…

Повеќе

Грчката влада официјално започна со реализација на мерката за финансиска поддршка на граѓаните за трошоците за гориво. Како одговор на енормниот раст на цените предизвикан од конфликтите во Украина, властите во Атина воведуваат субвенции за домаќинствата со пониски и просечни примања, пренесува ДПА. Граѓаните кои ги исполнуваат критериумите ќе можат да аплицираат за таканаречената „картичка за гориво“ до крајот на овој месец преку посебен државен портал. Колку пари ќе добијат Грците? Исплатата ќе се врши директно на банкарска сметка или преку дигитална дебитна картичка, а мерката ги опфаќа месеците април и мај. Грчката администрација најави дека будно ја следи состојбата…

Повеќе

истински хаос претпладнево во законодавниот дом за време на Јавната расправа за еднакви права на мажите и жените. Наместо конструктивен дијалог, седницата се претвори во арена на меѓусебни обвинувања откако пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците бурно реагираше поради непочитување на Законот за јазиците. Даути од говорницата побара итна пауза бидејќи документите за расправата не ѝ биле доставени на албански јазик, упатувајќи тешки зборови до организаторите. „Како да се зборува денеска за насилство кога самата бев жртва на психичко насилство“, истакна Даути, обвинувајќи дека нејзините права како пратеник се прекршени. На ова остро реагираше заменик-претседателката на Комисијата, Весна Ѓорѓиева,…

Повеќе

Вчера во 18:58 часот во СВР Битола, М.В.(46) од Битола пријавил дека на ул.„Пожаревачка” во Битола, задното стакло од неговото патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки било оштетено од огнено оружје. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Повеќе