Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЦУК: Гори во Студеничани, Македонски Брод, Прилеп и Охрид

    ЦУК: Гори во Студеничани, Македонски Брод, Прилеп и Охрид

    19.08.2026 во 13:551 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани денеска на територијата на државата до 13:00 часот, од кои четири се сè уште активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Во Општина Студеничани пожарот се шири на потегот од селото Моране, преку Вртекица до Рамни Габер, каде што гори мешана шума.

    Активен е и пожарот во Општина Македонски Брод, во месноста Видуш кај селата Драгов Дол и Локвица, каде што се зафатени ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

    Во Општина Прилеп гори во селото Чаниште, со краци насочени кон селата Крушевица, Лопатица, Орле и кон Црна Река, додека во Општина Охрид активен е пожарот на депонијата Буково.

    Под контрола се поставени пожарите во Општина Јегуновце кај селото Копанце и на депонијата во Делчево.

    Пожарникарите во текот на денот целосно ги изгаснаа пожарите во селото Рашче во Општина Сарај и на потегот Просениково–Сарај во Струмица.

    Од ЦУК апелираат до граѓаните на особена внимателност при престој и движење на отворен простор, особено во услови на високи температури и зголемен ризик од ширење на пожари.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.