Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митески: Во Аеродром нема жаришта на комарци, но продолжуваме со превентивните мерки

    Митески: Во Аеродром нема жаришта на комарци, но продолжуваме со превентивните мерки

    19.08.2026 во 13:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Општина Аеродром нема утврдени жаришта на комарци, но локалната самоуправа во координација со здравствените институции и Град Скопје продолжува да презема мерки за заштита на населението, изјави градоначалникот Дејан Митески.

    Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните работи во ОУ „Александар Македонски“, Митески посочи дека општината ги следи препораките на надлежните и дека веќе е спроведено вонредно прскање против комарци.

    • Жаришта нема утврдено, меѓутоа има заболени на територијата на Општина Аеродром и претпоставувам дека се поради контакт во некоја од контактните зони. Аеродром не е изолирана општина во Скопје со физички граници, така што лесно може да се пренесе од една во друга општина – истакна Митески.

    Тој додаде дека Општината постојано соработува со Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје и Град Скопје.

    • Ги следиме нивните препораки, се изврши вонредно прскање против комарци, така што секој следен чекор ќе го правиме во координација и соработка со овие институции, појасни градоначалникот.

    Освен за дезинсекцијата, градоначалникот информираше и за активностите за расчистување на теренот по невремето што ја зафати општината пред еден месец, при што беа евидентирани над 120 паднати дрвја.

    – Сто и дваесет дрвја не се отстрануваат за еден ден. Сите пристапни патеки, улици и паркинзи се комплетно ослободени, а остануваат поголемите дрвја за кои е потребна специјална механизација, најчесто во парковите каде што не го попречуваат секојдневното функционирање на граѓаните, информираше Митески.

    Тој истакна дека расчистувањето се реализира во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“ и најави дека активностите продолжуваат и во наредниот период.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.