Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нов бран апсења низ Македонија – приведени 10 возачи
    • Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството
    • (ФОТО) Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип
    • „Брат ми ми се заканува со нож“ – Семејна драма во Велес
    • Тешка сообраќајка на скопската обиколница: Се судирија автобус и „мерцедес“ – има повредени
    • Падна полицаец од Тетово: Наместо казни од 300 евра за брзо возење, издал предупредување и казна од 45 евра
    • ФОТО: Се пребарува реката Вардар по пријава за исчезнато лице
    • Спречен шверц на Богородица: Возач на автобус се обидел да прокриумчари лекови за малигни заболувања во кутија за прва помош
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Четворица починати од западнонилска треска во Македонија, регистрирани 38 случаи

    Клековски: Четворица починати од западнонилска треска во Македонија, регистрирани 38 случаи

    19.08.2026 во 13:533 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заклучно со 18 август, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска, од кои 36 се потврдени, а два се веројатни, соопштија од Министерството за здравство на денешната прес-конференција.

    Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста кај машки лица на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, а кај три од нив имало и коморбидитети.

    Според податоците на Институтот за јавно здравје, од вкупно 38 заболени, 37 се од Скопскиот Регион, а еден е од Велес, при што 28 се мажи, а 10 се жени. Само во изминатата недела (од 12 до 18 август) се пријавени 12 нови случаи и три смртни исходи.

    По прогласувањето епидемија во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел, се спроведуваат засилени зафати за дезинсекција, а започната е и масовна СМС-кампања за информирање на граѓаните.

    Со цел граѓаните од засегнатите подрачја навремено да добијат совети за лична заштита од убоди на комарци, во тек е масовна СМС-кампања за информирање на населението. Кампањата опфаќа испраќање вкупно 38.500 пораки до граѓаните во засегнатите општини. Вчера (18 август), испратени се 6.526 пораки – испраќањето почна во општина Петровец (1.554 пораки), а потоа продолжи во општина Гази Баба. На чекање за испраќање остануваат уште 31.365 пораки, кои постепено ќе бидат доставени до граѓаните во наредниот период. Досегашните резултати покажуваат висок степен на ангажираност – до 70 отсто од доставените пораки се прочитани од примачите и го посетиле линкот со дополнителни информации содржан во пораката – информираа надлежните.

    Од здравствените власти апелираат граѓаните да ги почитуваат превентивните препораки за заштита од комарци.

    Отстранете застоена вода од дворот (чиничиња од саксии, стари гуми, канти) и редовно чистете ги олуците. Поставете заштитни мрежи на прозорците и вратите. Избегнувајте престој надвор во зори и на самрак кога комарците се најактивни. Носете облека со долги ракави и панталони и користете репеленти. При појава на симптоми – висока температура, главоболка, вкочанетост на вратот и слично, веднаш побарајте лекарска помош и известете го докторот за евентуален престој во засегнатите подрачја – се советите од надлежните.

    Министерот за здравство Сашо Клековски истакна дека се преземаат сите потребни заштитни мерки и најави дополнителен состанок за проблемот со застоените води.

    Мислам дека правиме максимум што можеме. Одговорно тврдам дека сите мерки се презеле, се преземаат и ќе се преземат понатаму – потенцира министерот за здравство, Сашо Клековски.

    Од Институтот за јавно здравје информираа за возраста на најмладиот регистриран пациент во сезоната.

    Едно лице со западнонилска треска во државата е на возраст од 20 до 29 години – потврди доктор Марија Гочевска од Институт за јавно здравје одговарајќи на новинарско прашање.

    Гочевска дополни дека досега оваа сезона нема регистрирано деца заболени од западнонилска треска, а Министерството за здравство најави дека редовно ќе ја известува јавноста за состојбата.

    Прочитај повеќе

    Нов бран апсења низ Македонија – приведени 10 возачи

    21.10.2026 во 14:33

    Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството

    21.10.2026 во 14:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.