Author: Author 04

Министерството за образование и наука ги објави добитниците на стипендии од трет циклус студии во земјата за академската 2025/2026 година. На веб-страницата на МОН се објавени кандидатите коишто се прифатени и рангирани во согласност со условите наведени во конкурсот во областа на природно-математички науки и инженерство и технологија и кандидати коишто се прифатени и рангирани во согласност со конкурсите за општествени и хуманистички науки. Објавен е и список на прифатени кандидати чија тема на истражување е во корелација и соодветствува со целите и дефинираните приоритети во Стратегијата за паметна специјализација со фокус на дигитална и зелена транзиција.

Повеќе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја Узлем Џанел, со која разговараше за приоритетите и очекувањата во однос на извршувањето на највисоката јавнообвинителска функција. Амбасадорката Џанел му честиташе на изборот, при што и двајцата се осврнаа на клучните предизвици во поглед на дигитализацијата, јакнењето на транспарентноста и јавната доверба, како и финансиската самостојност на Јавното обвинителство. За јакнење на јавната доверба во институцијата и двајцата ја истакнаа како клучна транспарентноста, директната комуникација со граѓаните, но и воедначената примена на законите што треба да овозможи предвидливост и увереност во…

Повеќе

Турција е завиена во црно по вториот вооружен напад во училиште во рок од само два дена. По вчерашниот инцидент во Шанлиурфа, денеска крвав пир се случи во средното училиште „Ајсер Чалик“ во Кахраманмараш. Билансот е трагичен: четворица мртви и 20 повредени, од кои четворица се борат за живот на операционите маси. Напаѓачот, ученик во осмо одделение во истото училиште, влегол во две училници со петтоодделенци и отворил оган. По хаосот, напаѓачот си го одзел животот. Се претпоставува дека го користел оружјето на својот татко, поранешен припадник на полицијата.

Повеќе

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 54-годишник, подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд куќа во селото Облаково прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал пред неговиот 10-годишен син, при што го наведувал и детето да гледа и да се самозадоволува. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во…

Повеќе

Управата за јавни приходи (УЈП) започна со масовна системска обработка на податоците од банките за приливи од странство на физички лица. Иако оданочувањето на доходот од странство не е нова законска обврска, новина е тоа што институцијата сега ги користи банкарските извештаи за откривање на неоданочени приходи. Статистика на приливите: Од УЈП смируваат дека пристапот е постепен и нерепресивен, со примарен фокус на известување и доброволно пријавување на данокот.

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес е домаќин на неговите колеги од Германија (Кемниц), Италија (Гориција) и Словенија (Нова Горица) – град Скопје со силна меѓународна поддршка! Имав чест да ги пречекам моите колеги од Кемниц, Гориција и Нова Горица, градови со богато искуство, визија и докажана културна сила, напиша Ѓорѓиевски. Заедно со градоначалниците Само Турел, Радолфо Зиберна, Џозефин Хаге, како и со Бен Нупнау – вршител на должноста амбасадор при Делегацијата на ЕУ, разговаравме за искуствата и предизвиците што ги носи титулата Европска престолнина на културата, титула што Скопје гордо ќе ја носи во 2028 година, истакна Ѓорѓиевски.…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп, во изјава за „Еј-би-си њуз“, покажа неочекувана прагматичност по изборниот пораз на неговиот близок сојузник Виктор Орбан. Наместо критики за изборниот процес, Трамп му даде поддршка на новоизбраниот унгарски премиер Петер Маѓар, нарекувајќи го „добар човек“. Трамп призна дека Орбан веќе подолго време заостанувал зад својот противник и нагласи дека не е загрижен за ваквиот исход. Иако минатата недела имаше кратко телефонско вклучување на митинг во Унгарија, американскиот претседател појасни дека овојпат не бил максимално вклучен во кампањата.

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, а двајца управувале возило под дејство на алкохол. Во Битола двајца возеле без возачка дозвола, а по еден во Скопје и Гевгелија. Еден од возачите во Битола претходно предизвикал сообраќајна незгода, односно со возилото кое го управувал удрил во паркирано возило. Еден возач во Струга и еден во Струмица управувале возило под дејство на алкохол. Возачот во Струмица предизивикал и сообраќајна наезгода, односно со возилото кое го управувал излетал од патот.…

Повеќе

Лидерот на партијата „Тиса“ и нов мандатар, Петер Маѓар, упати директно барање до претседателот Тамаш Шуљок веднаш да се повлече од функцијата по формирањето на новата влада. Пред денешната средба во претседателската резиденција, Маѓар беше дециден дека актуелниот шеф на државата не го претставува националното единство. „Претседателот Шуљок не е достоен да биде чувар на владеењето на правото и не може да служи како морален компас за народот“, изјави Маѓар, нагласувајќи дека доколку нема доброволно повлекување, ќе следуваат уставни измени.

Повеќе

Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (четврток, 16.04.2026 година), дел од корисниците во општина Кисела Вода ќе останат без струја. Прекинот ќе ги опфати корисниците на следните локации: Граѓаните се советуваат навреме да ги планираат своите обврски согласно најавениот термин.

Повеќе