Author: Author 04

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. За време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во сабота ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи.

Повеќе

Во СВР Скопје, 42-годишна жена пријави дека во скопско во неколку наврати нејзината малолетна ќерка била вознемирувана од нивен 69-годишен сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 22:10 часот во СВР Скопје, К.К.Л. од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во училница во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, додека заедно со нејзина колешка одржувале родителска средба, М.М.Г. од Скопје (мајка на ученик) физички ја нападнала К.К.Л.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Повеќе

Вчера околу 19:00 часот во СВР Скопје, А.А. од с.Кондово, скопско, пријави дека околу 16:00 часот во неговата штала во с.Кондово, од струен удар се здобила со повреди неговата сопруга Ш.А.Е.(48) од с.Грачани, по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. Од ударот била усмртено и домашно животно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(42), Е.А.(49), М.Т.(44), Џ.И.(47), М.Б.(22), А.С.(21) и малолетник, сите од Скопје и малолетник од општина Вевчани, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и бела материја. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега парк!, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Дадениот збор пред граѓаните е обврска која мора да се исполни, рече Ѓорѓиевски. „Како што ветив, по спроведената физибилити студија, денес започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште. Мапирани се 22 точки, односно бунари за собирање на отпадните гасови кои со години се наталожуваа на ова место. Од сите бушотини ќе се земаат примероци кои ќе се испитуваат во сертифицирани лаборатории, со цел прецизно утврдување на количеството и составот на гасовите. Паралелно, се одвива и процесот за темелно површинско расчистување на…

Повеќе

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава Д.Ј.(63) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како директор на јавно претпријатие во Македонска Каменица, на вработен референт-инкасант во јавното претпријатие, иако му престанал работниот однос поради исполнување на старосна пензија, му овозможил да врши работни задачи и работни активности за дополнително еден месец повеќе од предвидениот законски работен стаж, со што му овозможил да се стекне со противправна имотна корист за една дополнителна плата во бруто износ од 52.591 денари.  

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со проф. д-р Светозар Антовиќ, декан на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Невзат Елези, декан на Медицинскиот факултет во Тетово, проф. д-р Катерина Златановска, декан на Медицинскиот факултет во Штип и претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, ги презентираа новините во здравствениот систем преку унапредување на програмите за специјализации и супспецијализации. „Новите програми се развиени врз основа на сеопфатни анализи на состојбите во системот, кои укажаа на тесна профилираност на кадарот, недоволна практична подготвеност – особено во ургентната и интензивната медицина – како и зголемен притисок врз терциерното здравство. Реформата…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Истанбул оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на којашто беше констатирано дека македонско-турските односи се одликуваат со силно пријателство, доверба и континуирана меѓусебна поддршка. Најпрво, претседателката изрази сочувство до претседателот Ердоган за жртвите во вчерашното пукање во средното училиште во Турција, посакувајќи побрзо закрепнување на настраданите. Турција секогаш била наш близок пријател и укажувала помош во најтешките моменти, како трагедијата во Кочани и се солидаризираме со турскиот народ, рече Сиљановска-Давкова. На средбата со Ердоган, таа посочи дека преку своите институции и компании: од ТИКА, којашто имплементираше 1.320 проекти, до училиштата „Маариф“,…

Повеќе

Судењето за една од најголемите трагедии во поновата македонска историја – пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ каде згаснаа 63 животи – денеска во Идризово остана без клучните сведочења. Ниту еден од петмината најавени сведоци не се појави пред судот за да ги реконструира моментите од кобниот 16 март 2025 година. Причините за нивното отсуство се движат од трауматски до логистички. Двајца од сведоците, кои директно ја преживеале пеколот во дискотеката, не биле во состојба повторно да се соочат со сеќавањата, додека за останатите Обвинителството немало контакт или биле надвор од државата.

Повеќе