- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Докторот Томас Шакновски (44) е обвинет за убиство од втор степен по трагичниот инцидент во кој животот го загуби 70-годишниот Бил Брајан од Алабама. Канцеларијата на американскиот обвинител соопшти дека Шакновски бил уапсен во Мирамар Бич и веднаш префрлен во притвор. Според обвинението, за време на планирана лапароскопска операција за отстранување на слезината, докторот направил фатална грешка и го отстранил црниот дроб на пациентот. Оваа постапка довела до катастрофална загуба на крв, а мажот починал директно на оперативната маса. Вдовицата на жртвата, Беверли Брајан, со неверување зборува за трагедијата: „Кога им кажувам на луѓето што се случило, сè уште звучи…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва официјално го потврди 10-дневниот прекин на огнот со Хезболах, кој беше договорен со посредство на Доналд Трамп. Сепак, Нетанјаху во своето видеообраќање беше дециден: израелските трупи остануваат на позициите. „Се согласив на привремен прекин на огнот за да им дадеме шанса на мировните преговори, но нашата армија ќе остане во ‘засилената безбедносна зона’ во јужен Либан“, порача Нетанјаху. Оваа зона, широка 10 километри, се протега од Медитеранот до сириската граница и има задача да ги заштити пограничните градови од нападите на милицијата поддржана од Иран.
Вчера во 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.К.(22) и Т.М.(30), двајцата од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.04.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Благоја Стефковски“ и ул.„102“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(63) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(40) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. На 15.04.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ со ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко…
По 16 години апсолутна власт, Виктор Орбан за прв пат се соочува со реалноста на опозицијата. Во своето прво големо интервју по изборниот дебакл од партијата „Тиша“ на Петер Маѓар, досегашниот унгарски премиер не ги криеше емоциите. „Во неделата чувствував болка, во понеделникот празнина. Сега сум на работна терапија за да ја пополнам таа празнина“, призна Орбан за YouTube каналот Patriota. Тој откри дека уште со првите податоци за високата излезност сфатил дека е во неволја, бидејќи бранот нови гласачи бил насочен директно против неговата партија Фидес.
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Мито Хаџивасилев – Јасмин“ и бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(41) од Скопје, удрило во пешакот Г.Д.(52) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Поранешниот австриски репрезентативен голман, Александар Манингер, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Салцбург на 48-годишна возраст. Веста за неговата смрт предизвика бран на тага кај неговите поранешни клубови и фудбалски фанови ширум Европа. Според полициските информации, несреќата се случила во Нусдорф, на незаштитен железнички премин, каде што Манингер го загубил животот на лице место. Неговиот поранешен клуб Јувентус веќе се прости од него преку емотивна објава на социјалните мрежи, оддавајќи му почит на човекот кој со години го чуваше нивниот гол.
Страшна трагедија го потресе Косово попладнево, откако три лица го загубија животот во пожар што избувна во станбена зграда во населбата „Мирдита“ во Малишева. Како што потврди портпаролот на полицијата во Ѓаковица, Шермет Ељезај, жртвите биле пронајдени во објектот по дојавата за пожар околу 12:55 часот. Станува збор за едно возрасно лице (35) и две деца – девојче и момче на возраст од 9 и 12 години. Иако веднаш биле префрлени во Центарот за семејна медицина, лекарите само констатирале смрт кај трите лица. Пожарот е локализиран, а полицијата врши увид на местото на настанот.
Бројот на жртви во крвавиот напад во средното училиште во Турција се искачи на 10, откако денеска во болница на повредите им подлегна ученикот Јусуф Тарик Ѓул. Министерот за внатрешни работи, Мустафа Чифчи, потврди дека и покрај сите напори на лекарите, младиот Јусуф не успеал да ја добие битката за живот. Во критична состојба се наоѓаат уште шестмина повредени кои се хоспитализирани на интензивна нега. Нападот, кој го изврши 14-годишниот Иса Арас Мерсини, ја зави во црно покраината Кахраманмараш, каде на самото место животот го загубија наставничка по математика и осум ученици.
Вчера во 20:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека во аптека на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со остар предмет и употреба на физичка сила од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
