- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.И.(53) и М.А.Н.(61), двете од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „злоупотреба на службената положба и овластување“. Првопријавената, во својство на директор на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, а потоа и медицински директор во Министерство за здравство и второпријавената, во својство на раководител на Оддел за интерни болести при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, ги пречекориле границите на своите овластувања со намера за себе и за друг да прибават противправна имотна корист. Во периодот од ноември 2023 до јуни 2024 година, пријавените потпишале листи за исплата на прекувремени…
„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуванработодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“.Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава. Континуитетот на ова признание за нас има особено значење. Тој зборува за доследноста во начинот на кој ја градиме нашата работна култура – отворена, стабилна и ориентирана спрема луѓето. Во „Алкалоид“ веруваме дека силната организација започнува со здрави вредности, јаснипрофесионални стандарди, високи етички норми и со заемна доверба…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновите информации и бројки за прометот на индустријата од Државниот завод за статистика, изјави: „Па, имајќи ја предвид состојбата во светот и состојбата во Европа, ценам дека растот во прометот во индустријата и дома и надвор е солиден. И ние сме единствена земја што има таков раст во регионот, друга нема таков раст. Често пати кога коментираме, мора да правиме споредби. И сега оваа Влада шест квартали по ред има просек раст на бруто домашен производ од 3,5%, но во услови кога растот…
Со поддршка на Владата и Министерството за образование, денеска започна реализацијата на проектот за проширување на капацитетите на училиштето „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров. Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека ова е само дел од низата проекти кои следат во оваа општина. Мицкоски упати благодарност до општинската администрација, советниците и пратениците од овој дел на градот за нивниот ангажман во обезбедувањето подобри услови за живот. „Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти. Има уште неколку вакви проекти во периодот којшто следи во деновите и неделите, и секогаш сум тука да ги поздравам и да ги поддржам“, порача…
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата е целосно подготвена да одговори на сите енергетски предизвици и дека во овој моменти нема никакви пречки во снабдувањето со нафта и нафтени деривати. При присуството на поставување камен-темелник во општина Ѓорче Петров, тој истакна дека Македонија во моментов нуди убедливо најевтини горива во целиот регион. Според премиерот, цевководот кој го поврзува Солунското пристаниште со рафинеријата „Окта“ е веќе оперативен, а државните резерви се во одлична состојба. „Состојбата со нафтата и нафетните деривати – дизел-горивата, безоловните бензини, керозинот… се во исклучително добра состојба. Како држава во овој момент не гледаме какви било предизвици во…
Православните верници денеска го празнуваат Источен петок, во народот познат како Балаклија. Овој празник секогаш се паѓа во првиот петок по Велигден и е посветен на Пресвета Богородица, односно на нејзината улога како „Живоносен источник“. Празникот се смета за ден на лекувањето, бидејќи традицијата налага дека водата на овој ден има посебна моќ. Верниците во голем број ги посетуваат изворите и манастирите каде што има чешми, со надеж за здравје и благосостојба. Потеклото на празникот е поврзано со византискиот цар Лав Велики, кој во 5 век изградил храм на местото каде што слеп човек прогледал откако се измил со вода…
Младата месечина денеска доминира на небото, носејќи со себе силен импулс за промени. Ова е период на иницијатива, но и на зголемена внатрешна напнатост. Еве што ги очекува хороскопските знаци: Овен: Пред вас е период на нови почетоци. Младата месечина во вашиот знак ви дава енергија за важни чекори, но бидете внимателни со импулсивните реакции. Бик: Можна е внатрешна напнатост. Наместо да реагирате на прва, повлечете се и размислете – Младата месечина ве подготвува за нешто големо што допрва доаѓа. Близнаци: Фокусот е на социјалниот живот и идните планови. Очекувајте нови идеи или проекти со пријателите, но избегнувајте конфликти во…
Поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, неколку скопски општини денеска ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира дека зафатите се изведуваат по известување од ЕВН Македонија. Најдолг прекин е најавен во општина Карпош, поточно во Момин Поток. „Во периодот од 08:30 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците 1506 и 1550 во населбата Момин Поток, како и деловните објекти на компаниите ‘Електроводомонт’ и ‘Европа 92’“, се вели во соопштението. Проблеми со напојувањето ќе има и во Сарај, каде во периодот од 09:30 до…
Поранешниот државен правобранител и адвокат Фехми Стафа се спогоди со Обвинителството и прифати затворска казна од една година и три месеци. Стафа призна вина за примање поткуп од 50.000 евра, пари наменети за влијание врз судска одлука во случајот „Синџир“. Според обвинението, тој ги зел парите за да изврши влијание врз судија од скопска Апелација во корист на неговиот клиент Љупчо Пецов – „Ѓаволот“. „Со прифаќањето на спогодбата, Стафа ја признал вината и се откажал од право на жалба, што значи дека судската постапка ќе биде скратена и без изведување докази“, се наведува во информациите за случајот. Истрагата за овој…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски деновиве престојува во работна посета на Вашингтон, во рамки на втората сесија од Стратешки дијалог Македонија – САД, процес од исклучително значење за унапредување на националната безбедност и безбедноста на граѓаните.Во текот на посетата, министерот Тошковски оствари повеќе значајни средби со високи претставници на американските безбедносни институции, меѓу кои со Николас Колура, заменик-помошник државен секретар и директор на Diplomatic Security Service (DSS), со Кристофер Г. Раја, заменик-директор на ФБИ, со Грегори Дукот, директор на ICITAP, како и со Дејвид М. Бедард, заменик-помошник државен секретар од Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот.На средбите…
