Author: Author 04

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61) и А.А.(60), сите од општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба  и овластување” и „несовесно работење во службата“. Првопријавениот, на работно место раководител во Подрачно шумско стопанство Јабланица-Струга, со неизвршување надзор на целокупната постапка на посечената дрва маса, транспорт и наплата на истата, не спречил незаконско работење на вработените, со што овозможил имотна корист. Второпријавениот, на работно место референт за користење заштита и одгледување на шуми во ПШС „Јабланица“ Струга, пропуштил должен надзор на посечената дрвна маса, постапување и транспорт на…

Повеќе

Тројца пешаци се здобија со тешки телесни повреди во три одделни сообраќајни несреќи што се случија вчера низ државата. Највозрасната жртва е 89-годишен штипјанец, а меѓу повредените е и повозрасна жена од Скопје. Во главниот град, во населбата Маџари, автобус „мерцедес“ удрил во 78-годишната М.П., која со тешки повреди итно е пренесена во Ургентниот центар „Мајка Тереза“. Сличен инцидент е регистриран и во Штип, каде 22-годишна девојка со своето возило „сеат“ налетала на 89-годишниот Г.С. Пешакот со тешки повреди е хоспитализиран во штипската Клиничка болница. Црната серија заврши во Битола, на крстосницата меѓу улиците „Прилепска“ и „15 Мај“. Таму, 68-годишен…

Повеќе

Вчера во 07:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица „Маџари“ во Скопје, автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Р.(56), удрил во 78-годишната М.П., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.П., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Д.М. на работно место „полицаец“ во ПС за ГП и ГН Меџитлија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено и казниво по член 297-а став 2 од Кривичниот законик. Пријавениот, надвор од работното време, на 01.04.2026 на ул. „8 Септември“ во Битола управувал патничко моторно возило „бмв“, во лична сопственост, во време кога имал активна забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија. Покрај тоа, возилото го управувал со брзина од 98 км…

Повеќе

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати жестоки критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека партијата функционира врз основа на лаги и конструкции. Според Петрушевски, СДСМ по историскиот пораз на изборите каде паднаа на само 130 илјади гласови, продолжува да живее во свет полн со апсурд и фантазија. Петрушевски нагласи дека опозицијата се обидува да ги претстави историските успеси на новата Влада како свои или пак да ги девалвира со дезинформации. „СДС и Филипче, по стратешкиот договор со Велика Британија со кој ВМРО-ДПМНЕ ја стави Македонија на светската мапа, ширеа лаги дека договорот бил за мигранти. Филипче…

Повеќе

Исказот на Стојанче Јовановски, во кој тој тврдеше дека е жртва на завера и подметнувања, за обвинителството е само очекуван обид за избегнување на казната. Обвинителката Адела Бојчевиќ денеска изјави дека материјалните докази и вештачењата цртаат сосема поинаква слика за обвинетиот од онаа што тој се обиде да ја претстави пред Судот. Бојчевиќ се повика на психолошкото вештачење, кое кај Јовановски детектирало изразена манипулативност и тенденција кон искривување на вистината. „Ова не е моја субјективна проценка. Вештачењата укажуваат на личносни карактеристики кај обвинетиот како изразена манипулативност и префрлање на одговорноста на други лица. Целиот исказ е само обид тој да…

Повеќе

Апелациониот суд во Штип ја потврди одлуката – судијата Ѓоко Ристов останува во куќен притвор. Судот ја одби жалбата на одбраната, сметајќи дека сè уште постојат основи за задржување на оваа мерка против скопскиот апелациски судија, кој е под тешки обвиненија за корупција и перење пари. Случајот го згрози јавноста кога во јануари 2026 година, истражните органи открија 350.000 евра во готовина, скриени во ѕидовите на куќата на неговите родители во Неготино. „Парите биле пронајдени заѕидани, а судијата за нив немал никаков доказ за потекло, ниту пак ги пријавил во својот анкетен лист. Тој сега се товари за противправно стекнување…

Повеќе

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ. (58) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Според пријавата, во текот на 2026 година, таа како в.д. директор на Јавната установа Национален парк „Галичица“ – Охрид, со пропуштање на должен надзор овозможила изведување активности на спорна локација. Воедно, склучила договор за соработка со приватно претпријатие од Охрид за тампонирање на катастарска парцела за која немало соодветна урбанистичка документација, ниту одобрен инфраструктурен проект. Дополнително, станува збор за простор кој се наоѓа во заштитен појас од 50 метри, каде што општина Охрид има донесено времен мораториум…

Повеќе

Опозициската СДСМ денеска поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за директно уривање на Уставот и законите. Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ на прес-конференција истакна дека Мицкоски ги претворил обвинителството и судството во алатка за политичка одмазда. Според СДСМ, премиерот јавно таргетира луѓе од опозицијата и нивните семејства со однапред напишани обвиненија, што претставува скандал од невидени размери. „Христијан Мицкоски повеќе не се крие – тој е обвинител и судија кој однапред нарачува судски процеси против опозицијата и неистомислениците. Неговото ‘имам чувство’ го диктира стравот затоа што знае дека ќе мора да се соочи со одговорноста“, изјави Димитријевиќ.…

Повеќе

Стојанче Јовановски денеска пред судот ја даде својата верзија за настаните кои претходеа на кобниот 2 март 2026, кога неговата сопруга Ивана и шестгодишната ќерка Катја ги загубија животите по падот од шести кат. Тој се соочува со обвиненија за загрозување на сигурноста и помагање во самоубиство. Во својот исказ, Јовановски тврдеше дека брачните проблеми започнале во 2022 година по откривање на пораки од колега. Тој опиша драматичен инцидент од август 2025 година, кога неговата сопруга наводно со детето во раце бегала по автопатот од Штип кон Скопје по расправија за нејзиниот телефон. Обвинетиот раскажа дека на денот на трагедијата…

Повеќе