Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шахистките на ШК Алкалоид ја одбранија шампионската титула на Екипното државно првенство

    Шахистките на ШК Алкалоид ја одбранија шампионската титула на Екипното државно првенство

    27.08.2026 во 16:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Фармцевтките освоија 11 од 12 можни бодови, притоа ремизирајќи само на последниот меч против ШК Прилеп во седмото коло. Прашањето за титулата беше решено во петтата рунда со победата над клубот кој е најголем ривал во борбата за титулата, кога дамите на ШК Алкалоид го совладаа МШК Центар со 2,5 : 1,5. Во сите седум кола шахистките поединечно останаа непоразени, со исклучок на ИМ Лела Јавакашвили, која во директен дуел на првата табла загуби од ЖВМ Белослава Крастева.

    Во шампионскиот тим, покрај Грузијките Јавакашвили и Котенашвили, беа и ЖФМ Моника Стојкоска (2076), ЖИМ Габриела Коскоска (2.012), ЖФМ Моника Жежовска (1990) и Леа Ефтовска (1874).

    На табелата, по најсилните две екипи, следуваат ШК Неготино со 8 бода и ШК Прилеп со 7 бода.

    – Освен во клучниот меч за титулата, на ова првенство беше забележливо дека имаше поголем квалитет, што на крајот кулминираше како борба за третото место. ШК Неготино беше исклучително добро подготвен и екипиран, а веднаш зад него беше и ШК Прилеп.

    Во мечот за првото место, на првите табли знаевме дека постои баланс меѓу нашите интернационалки и оние кои играа за МШК Центар, така што очекувавме дека мечот ќе биде добиен на вторите две табли и тука успеавме да создадеме предност и да го добиеме домашниот дуел – вели ВМ Влатко Богдановски, кој е капитен на женскиот тим на ШК Алкалоид.

    ШК Алкалоид е на најдобар пат да ја одбрани двојната круна, со оглед на тоа дека машкиот тим, исто така, е на добар пат да стигне до одбрана на титулата откако во шестото коло извојува победа над ШК Гамбит со 3,5 : 2,5.

    Во крајно исцрпувачки и долг меч, на пет табли беа одиграни реми-натпревари, додека, пак, на втората табла ВМ Велимир Ивиќ ја искористи предноста на белите фигури и освои цел поен против холандскиот велемајстор Томас Бердсен.

    Младиот шаховски тим Мулти Есенс по шест кола го дели четвртото место со ШК Нов напредок од Штип бидејќи и двата клуба имаат по шест бода (три победи и три порази), но, во согласност со ждребот, треба да се сретнат до крајот на првенството и да ја решат неизвесноста преку директен дуел.

    Прочитај повеќе

    Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар

    20.09.2026 во 15:42

    Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес

    20.09.2026 во 14:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.