- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
- СДСМ до Митева: Македонија чувствувa забрзување во пропаст
Author: Author 04
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за трагедијата која ја потресе јавноста на 2 март 2026 година. Обвинетиот Стојанче Јовановски, кој се товари за семејно насилство и наведување на самоубиство на сопругата и ќерката, во својот исказ изнесе низа обвинувања за љубовна афера, уцени и подметната дрога. Јовановски тврди дека неговата сопруга Ивана му признала оти била уценувана со интимни видеа од страна на неговиот колега Мартин Саздов. Според обвинетиот, токму под таа уцена, таа му го дала резервниот клуч од возилото на Саздов, кој потоа му подметнал дрога. „Ми објасни како ми ја подметнале дрогата… со мојот…
По речиси 50 дена строга информативни блокада воведена поради конфликтот со САД и Израел, властите во Техеран започнаа со делумно нормализирање на комуникациите. Оваа одлука доаѓа само една недела откако на сила стапи двонеделното примирје меѓу Вашингтон и Техеран. Според последните информации, повторно се дозволени меѓународните повици преку фиксната линија, но мобилната телефонија сè уште е под рестрикции за разговори со странство. „Владата во Иран ги правдаше мерките дека се донесени од безбедносни причини, додека одредени аналитичари сметаат дека ограничувањата биле насочени кон спречување на ширење информации за последиците од војната“, пренесуваат странските агенции. Иако дел од услугите на „Google“…
Македонските возачи кои планираат летување во Грција оваа сезона треба да бидат подготвени за нови строги правила. Со стапувањето во сила на новиот Закон за сообраќај, Грција воведува нов стандард за прва помош (DIN 13164:2022), кој е значително поскап и пообемен од претходниот. Наместо стариот сет кој чинеше неколку евра, новиот комплет чини околу 31 евро. Казната за несоодветна прва помош изнесува 30 евра, а сетот мора да содржи 16 клучни нешта, меѓу кои термо-ќебе, специјални облоги за изгореници и заштитни маски. „Мерките веќе стапија во целосна сила и радикално го менуваат секојдневниот живот на возачите. Претходното ограничување во населени…
Вчера Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.Д. (61) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ и Б.Б. (49) од Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.3 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од КЗ. З.Д. во својство на овластено службено лице, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување,…
Вчера во 22:05 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При претрес во локал во Тетово, извршен со согласност од сопственикот, а кој под наем го користел малолетникот, пронајдени се и одземени 34 пакувања со марихуана, една кутија и една ќеса со марихуана и едно пакување со рела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и во присуство на родител со него ќе биде извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, оствари работна посета на Општина Вевчани, каде одржа средба со градоначалникот Спасе Кочовски, како и со членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за имплементацијата на проектите одобрени во 2025 година, како и за најитните потреби за поддршка од централната власт. Посебен акцент беше ставен на потребата од унапредување на законската рамка за меѓуопштинска соработка, при што беше нагласено значењето на здружувањето на општините, особено на помалите, кои се соочуваат со ограничени административни и финансиски капацитети. „Нашата цел во периодот што следи…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изјави дека првите статистички податоци веќе покажуваат прилив на иселеници кои се враќаат во Македонија. Според неа, иако бројките сè уште не се масовни, овој тренд е директна потврда дека владините политики за задржување на младите даваат резултат. Јаневска, одговарајќи на прашање за намалувањето на бројот на основци, истакна дека сегашната власт презема конкретни мерки, за разлика од претходната која, според неа, само немо ги набљудувала демографските проблеми. „За оние на коишто им редеа чевли за да ги вратат тие ништо не направија, но ние, може да видите во статистиката, веќе имаме…
Времето во текот на претстојниот викенд ќе биде променливо облачно, но со повремени сончеви периоди. Сепак, граѓаните треба да се подготват за засилен ветер и нови врнежи кои се очекуваат веќе од почетокот на следната недела. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска ќе преовладува слично време, со услови за локален дожд во јужните делови. „Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени Целзиусови“, информираат од УХМР. Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и температура до 24 степени. Понеделник навечер носи нова промена…
Во рамки на учеството на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на „Панелот на лидери“ на тема: „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“. Говорејќи за глобалните неизвесности, таа предупреди на растечката опасност од авторитарни тенденции и ремилитаризација, како и на сериозната криза на политичкото лидерство. За неа повеќе од кога било на светот му се потребни одговорни лидери, рано предупредување на ризиците, како и превентивна, наместо реактивна дипломатија. Според неа, меѓународното право не може да се применува и почитува, без силни и стабилни меѓународни институции. Таа укажа на неодложната потреба од длабока реформа на…
Во текот на детална истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги обезбеди сите докази кои ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинето лице што врши јавни овластувања – адвокат побарал вкупно 100.000 евра, а на 13.12.2025 година директно примил износ од 20.000 евра за да посредува со искористување на своето реално влијание врз судија од Апелациониот суд Скопје за укинување на мерка притвор определена кон лице кое тогаш било недостапно на органите на прогонот. Соочен со доказите на обвинителството, обвинетиот целосно ги призна и прифати наводите во обвинението, по што побара…
