Author: Author 04

ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес, жичницата на Водно нема да продолжи со работа поради засилен ветер. Од таму посочуваат дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. „Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од ЈСП Скопје и воедно се заблагодарија за разбирањето.

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја посети Општата болница во Дебар по повод почеток на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологија (теледерматологија), кој се реализира на релација Скопје–Дебар–Делчево. Министерот Алиу нагласи дека станува збор за суштинска реформа која го менува начинот на кој пациентите пристапуваат до здравствената заштита, притоа најавувајќи проширување на телемдицинските услуги и во други области од здравството. „Паралелно работиме на зајакнување на техничката инфраструктура, обука на медицинскиот персонал и воспоставување јасни протоколи за квалитет и безбедност на услугите. Од денес, пациентите со кожни заболувања од Дебар и Делчево имаат можност да добијат стручна дијагноза и…

Повеќе

Северна Македонија останува цврсто посветена на процесот на пристапување кон Европската Унија, кој претставува клучен двигател на реформите, владеењето на правото и зајакнувањето на институциите, е пораката на претседтелот на Собранието Африм Гаши кој со делегација на Собранието на Република Северна Македонија учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 15 до 19 април во Истанбул. Главна тема на собранието е „Негување надеж, консолидирање на мирот и обезбедување правда за идните генерации“. Како што соопштија од собраниската служба за информирање, претседателот Гаши, на генералната дебата, истакнал дека светот се соочува со сериозни предизвици, како притисоци врз…

Повеќе

Леверкузен, Германија – Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, г. Беким Сали, за време на неговиот престој во Леверкузен, денес оствари средби со неколку успешни компании од нашата дијаспора. Во рамките на овие средби, тој ги посети компаниите PEVALIT/PEVAPOR, A&F Baustoffhandel, Miftari Dämm-Flex GmbH и R&R Invest GmbH, кои претставуваат успешни примери на претприемништво на нашите иселеници на меѓународните пазари. За време на средбите се разговараше за можностите за продлабочување на економската соработка, проширување на инвестициите и зајакнување на врските помеѓу дијаспората и домашната економија. Заменик-претседателот Сали истакна дека Владата останува посветена на…

Повеќе

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска оствари средба со Н.Е. Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена одличната соработка меѓу двете држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. На средбата се разговараше за продлабочувањето на билатералната соработка, особено во делот на сајбер безбедноста, во контекст на неодамнешната средба во Соединетите Американски Држави со заменик државниот секретар Кристофер Ландау, одржана една недела претходно, на која беше потврдена заедничката посветеност за натамошно унапредување на партнерството. Во таа насока, беше изразена искрена благодарност за поддршката од страна на Амбасадата на САД, како и…

Повеќе

Монтажната катна гаража во центарот на Куманово, која предизвика бројни реакции во јавноста, е само привремено решение. Градоначалникот Максим Димитриевски потврди дека објектот ќе биде дислоциран веднаш штом се создадат нови паркинг капацитети, со цел да се ослободи визуелниот пристап до Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Димитриевски се согласи со критиките дека гаражата е несоодветно поставена и дека го прикрива значајниот културен објект. „Се согласувам дека не ѝ е местото таму и еден ден нема да биде. Но, ако ја отстраниме сега, ќе остане празен простор без функција и без доволно паркинг за граѓаните“, изјави Димитриевски. По нејзиното отстранување, просторот…

Повеќе

Ги следиме случувањата и трендовите во светот и поставуваме соодветни профили на ризици. Во изминатите две недели на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје беа откриени три обиди за криумчарење на злато со тежина од 285 грама и со вредност од 23 илјади евра. Ова, соопшти денеска Царинската управа, го истакна директорот на ЦУ Бобан Николовски во гостување на МРТ 1. Царинска управа, претходно, информираше и за спречен обид за криумчарење злато на Богородица. Златото во сите случаи е запленето, а против осомничените се поднесени кривични пријави. Директорот во гостувањето потсети и на случајот во кој царински службеници на Меѓународен Аеродром…

Повеќе

Вчера во 22:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 20:15 часот на подрачјето на Бит Пазар, две лица со закана со огнено оружје одзеле пари од вработен во фирма, кој бил со возило и разнесувал пратки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 06:40 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека починал Е.А.(52) од Пробиштип. Според пријавеното, на 10.04.2026 од Итната медицинска помош Пробиштип тој бил препратен кај нив за укажување на лекарска помош.

Повеќе

На 17.04.2026 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.А. (42) од Струмица и В.П. (52) од Берово, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353, „оддавање на службена тајна“ по чл.360 и „пустошење на шуми“ по чл. 226 ст.3 во врска со чл.24 од КЗ. М.А. (вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сектор за шумска полиција) и В.П. (вработен во МВР, РЦГР Исток) во својство на овластени службени лица ја…

Повеќе