Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Еболата се шири надвор од епицентарот во Конго: Бројот на жртви надмина 3.300
    • Познат генерал пронајден мртов: Застрелан во главата
    • Хорор во камп во Неос Мармарас: Чакал нападнал дете додека било во шаторот
    • Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети – санкционирани 33 лица
    • ЈОРМ: Се вршат претреси во службени простории во МВР
    • Евро банкнотите добиваат нов изглед
    • Сопругата ме натепа мене и малолетниот син – Семејна драма во Берово
    • Кривична пријава за тетовчанка: Физички го нападнала своето четиригодишно дете
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Драма пред прагот на ЕУ: Балканските транспортери протестираат во Скопје, Белград, Подгорица и Сараево – најавени блокади на границите

    Драма пред прагот на ЕУ: Балканските транспортери протестираат во Скопје, Белград, Подгорица и Сараево – најавени блокади на границите

    31.08.2026 во 09:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Транспортерите од земјите од Западен Балкан денеска напладне одржуваат двочасовни јавни собири пред седиштата на делегациите на Европската Унија во Скопје, Белград, Подгорица и Сараево. Превозниците бараат итно решение за проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во земјите од Шенген-зоната.

    Душан Николиќ од Бизнис асоцијацијата на меѓународни патни транспортери „Меѓународен транспорт“ за Танјуг изјави дека собирот во Белград ќе се одржи пред просториите на Делегацијата на ЕУ во Србија, Авенија 19а. Владимира Поповиќа 40/В.

    „Ќе дојдеме пеш пред просториите на ЕУ. Покрај возачите на камиони и автобуси, ќе има и 10 камиони. Ќе предадеме писмо со кое ќе бараме ограничувањето за нашиот престој во земјите од Шенген зоната веднаш да се суспендира“, рече тој вчера.

    Николиќ додаде дека протестите во другите три градови од Западен Балкан ќе изгледаат исто.

    Доколку барањата не бидат исполнети, транспортерите од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора најавија дека на 14 септември ќе организираат протести и блокади на граничните премини кон земјите од Европската Унија.

    Ова е втор протест на транспортерите по оној во јануари, кога побараа укинување на Шенгенското правило „90/180“. Според ова правило, граѓаните од земјите надвор од Унијата можат да престојуваат максимум 90 дена на Шенгенската територија во период од 180 дена.

    Прочитај повеќе

    Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети – санкционирани 33 лица

    11.09.2026 во 14:15

    ЈОРМ: Се вршат претреси во службени простории во МВР

    11.09.2026 во 14:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.