Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови цени на горивата од полноќ

    Нови цени на горивата од полноќ

    31.08.2026 во 10:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Регулаторната комисија за енергетика денеска ја прави редовната седумдневна пресметка, а движењата на светските берзи упатуваат на поевтинување на дериватите, каде што најизразена корекција надолу се очекува кај дизелот.

    Суровата нафта ја заврши изминатата недела со значителен пад. Брент нафтата во петокот се движеше околу 89 долари за барел, односно според Ројтерс беше поевтина за околу 5,3 проценти во споредба со претходната недела. Американската WTI нафта во истиот период загуби околу 4,3 проценти, откако пазарите проценија дека снабдувањето од Персискиот Залив се подобрува, а протокот низ Ормутскиот Теснец се зголемува и покрај тензиите со Иран.

    Кај самите нафтени деривати, лондонските фјучерси за гасно масло, како главен европски индикатор за дизелот, бележат пад од над пет проценти – од 1.125 на околу 1.066 долари за тон. Во однос на просечните дневни цени кои РКЕ ги зема предвид при пресметката, падот изнесува околу два проценти.

    Ова следува по минатиот понеделник (24 август), кога РКЕ утврди раст на референтната цена за 4,842 проценти, по што дизелот поскапе за 3,50 денари и достигна 101,50 денари за литар, додека БС-95 поскапе на 93, а БС-98 на 95 денари.

    Во прилог на поевтинувањето оди и движењето на американската валута. Оваа недела доларот во однос на денарот се движи меѓу 52,6 и 52,8 денари, наспроти претходниот просек од 52,9935 денари, што дополнително ја намалува набавната цена на дериватите.

    Според берзанските показатели, проценките се дека има простор за намалување на цената на Еуродизелот за околу 1,5 до 2 денари за литар, со што би се спуштил на ниво од 99,50 до 100 денари. Кај бензините се очекува поумерено намалување, од околу половина до еден денар за литар.

    Сепак, пазарот останува чувствителен на случувањата на Блискиот Исток. Ројтерс предупредува дека снабдувањето со преработени деривати останува затегнато поради проблеми со рафинериите, намален руски извоз и нарушувања на транспортните рути.

    Новите цени на горивата кои РКЕ ќе ги утврди денеска ќе стапат на сила од ноќеска на полноќ (вторник во 00:01 часот).

    Прочитај повеќе

    МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики

    12.09.2026 во 10:32

    Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност

    11.09.2026 во 17:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.