- Млад Арачиновец со товарно возило удрил во возило на МВР
- Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михајлова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство
- Нетанјаху остана без поддршката од старите сојузници: Се отвора патот на Ајзенкот до премиерскиот мандат
- Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
- Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
- Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија
- Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
- Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
Author: Author 04
Ноќеска околу 02:45 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 02:40 часот на локалниот пат од населба Карпош, кумановско, кон село Никуљане, општина Старо Нагоричане, од мопед во движење, на кој се превезувале две лица, биле испукани неколку куршуми од огнено оружје кон патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(34) од Куманово, се наведува во полицискиот билтен. Според информациите, нема повредени лица, а екипа од СВР Куманово извршила увид на местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
Министерството за транспорт денеска соопшти дека има целосно разбирање за предизвикот со кој се соочуваат македонските транспортери и дека активно и во континуитет работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на проблемот со престојот во земјите од Шенген зоната. Од ресорното министерство посочуваат дека фокусот е ставен на директни преговори со државите членки, со цел да се олесни работата на домашните превозници. Во рамките на можностите со кои што раполага Министерството, се работи на склучување билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, бидејќи сметаме дека ова е најсоодветно решение, Македонија самостојно да го реши проблемот на транспортерите. Потенцираме дека…
Вотекот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода З.Т.(26), Д.М.(32) и Д.Т.(31), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црногорската полиција го уапси 22-годишниот А. И. од Беране под сомнение дека со автомобил го прегазил своето едногодишно дете, а потоа се обидел да ја прикрие трагедијата со лажно тврдење дека детето паднало од објект. По пријавата од здравствената установа, полициските службеници извршиле првичен разговор со таткото, кој се обидел да го прикрие вистинскиот тек на настаните. „Полициски службеници веднаш беа испратени во здравствената установа, кои го утврдија идентитетот на едногодишното дете и го испрашаа таткото А. И. (22). Тој во таа прилика изјави дека детето починало како последица на пад од покривот на помошна монтажна зграда“, соопшти полицијата. За…
Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.К.(49) од с.Студеничани, скопско. Според пријавеното, околу 15:00 часот, додека извршувал работни задачи во објект во изградба на подрачјето на Карпош, му се слошило и паднал од висина. За настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор.
Завчера во 20:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градски Парк во Скопје настанал пожар, при што бил зафатен дел од кровна конструкција на објект-работилница во сопственост на Јавно претпријатие „Паркови и зеленило“. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Б.С. (52) и А.С.(24), двајцата од Крива Паланка и правно лице од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. Пријавените лица набавиле производи со различни заштитени трговски марки, без притоа да имаат склучено договор со компаниите-сопственици на брендовите или со нивни овластени застапници/претставници на територијата на државата, при што производите ги изложиле за продажба во деловните простории на пријавеното правно лице.
Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ новата учебна 2026/2027 година ќе ја започнат со настава од далечина, поради градежните активности што Министерството за образование и наука ги изведува во дел од училишниот објект. Станува збор за инвестиција што се реализира во рамки на Проектот за унапредување на основното образование (ПЕИП), чиј носител е Министерството за образование и наука. Министерството ги обезбедува финансиските средства, основниот проект и ревизијата, го координира процесот, го обезбедува изведувачот и надзорот и ја следи реализацијата на градежните активности до нивното завршување. Согласно првично предвидената динамика, градежните активности требаше да завршат пред почетокот…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 2,06% во однос на претходната пресметка. Од 1 септември од 00:01 часот, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство бележат значително поевтинување, додека цените на бензините се зголемуваат. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,50 денари по литар и ќе изнесува 95,00 денари. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 денари и ќе изнесува 97,00 денари по литар. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95…
Во текот на вчерашниот ден во државата беа регистрирани повеќе од 23 пожари на отворен простор, од кои утринава седум се сè уште активни. Најкомплексни за гаснење остануваат пожарите во подножјето на Пелистер и кај селото Градец во Општина Врапчиште, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Пожарот што пред два дена избувна на преспанската страна во подножјето на Националниот парк Пелистер, по интензивните напори на екипите, е ставен под контрола. – Во текот на ноќта и утрово водевме жестока битка со огнените јазици. Можам да кажам дека пожарот е ставен под контрола и дека огнената…
