- Трамп од самитот на Г7: САД наскоро повторно воведуваат санкции за руската нафта
- Митева: Водиме дипломатија со интегритет
- (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Го вратив сјајот на фонтаните во Скопје
- Полицијата однесе 15 лица зад решетки: Сите возеле без дозвола
- Предложен притвор за мажот што ги запали автомобилите на бугарската амбасада
- Шефот на амбасадата на Македонија повикан на разговор во бугарското МНР за палењето на автомобилите
- Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија
- 5 активни пожари во државата – пожарникарите храбро се борат со стихиите
Author: Author 04
Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, со остра реакција одговори на денешната прес-конференција на пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски, кој најави интерпелација за неговата работа. Трипуновски ја отфрли иницијативата како нелегитимна, нарекувајќи ја „безначајна“. Во својот одговор, министерот го обвини Николовски дека политички е непостоечки, а партијата СДС дека се соочува со сериозен пад на рејтингот. „Политички непостоиш, а партија во која си само обичен инвентар, полека ја снемува. Рејтингот ви паѓа толку ниско што го пробивте секое дно! Интерпелацијата за мене што си ја поднел е толку нелегитимна, како што ти си нелегитимен во СДС“, возврати Трипуновски. Министерот во својата…
Пратеничката група на СДСМ денеска официјално поднесе интерпелација за работата на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. Пратеникот Љупчо Николовски, на прес-конференција, го обвини ресорниот министер за „неспособност, криминални политики и системска корупција“ кои, според опозицијата, го довеле земјоделскиот сектор до колапс. Николовски посочи дека Министерството во изминатите две години се претворило во „приватна фирма за бизнис интереси“, а наместо развојни проекти, јавноста сведочела на бројни скандали. Како клучни аргументи за барањето за оставка, СДСМ ги наведе: Николовски потсети на апсењата на директорите на Платежната агенција и на Инспекторатот за земјоделство, кои беа фатени при примање мито, што според него е…
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција упати остри критики кон раководството на СДС и претседателот на партијата, Венко Филипче. Според Петрушевски, опозициската партија продолжува да дејствува во „сопствена реалност“ и одбива да се соочи со фактите. Петрушевски ја обвини СДС дека поразите на изборите ги претставуваат како победи, посочувајќи на резултатите од парламентарните и локалните избори. „СДС и Филипче функционираат во сопствена реалност, паралелен свет во кој поразите ги претставуваат како победи, а фактите ги менуваат со конструкции. Време е СДС и Филипче да се разбудат од оваа политичка фантазија и конечно да се соочат со…
Скопска мобилара – увозник на мобилни уреди откако била фатена во обид за криумчарење „Ејпл“ часовници, по претходен договор и со помош на други лица ги заменила запленетите часовници со евтини копии, а оригиналите ги ставила во продажба во сопствениот салон. По налог на јавен обвинител извршен е претрес каде се пронајдени оригиналните часовници вредни 570 илјади денари – предмет на криумчарење. Против шест физички и две правни лица е поднесена кривична пријава за криумчарење, прикривање стока предмет на криумчарење и злоупотреба на службена положба. За случајот накратко информираше директорот на Царинска управа Бобан Николовски во гостување на МРТВ 1.…
Вчера полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ј.А.(28) од с.Сенокос, готиварско. При претрес во неговиот дом и помошни, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Министерството за здравство го објави предлог-законот за медицински средства на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), отворајќи јавна расправа за едно важно законско решение кое е дел од пошироката реформа на измени и дополнувања на 12 закони што ја спроведува Министерството за здравство. Станува збор за ново законско решение со кое областа на медицинските средства, која досега беше уредена во рамки на заеднички закон за лекови и медицински средства, сега се издвојува во посебен закон. Со тоа се создава попрецизна, посовремена и пофункционална рамка, која појасно ги следи спецификите на оваа област и потребата од усогласување со европските стандарди. Новото…
Портпаролката на СДСМ и членка на Извршниот одбор, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција упати остри критики кон економските политики на владата предводена од Христијан Мицкоски, оценувајќи дека државата се наоѓа во економска криза без соодветен одговор од институциите. Според Кузеска, иако поминале 60 дена од почетокот на кризата на Блискиот Исток, власта сè уште нема преземено конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Таа обвини дека најавените мерки по празниците изостанале, а ценовниот притисок врз домаќинствата продолжил. „Скапите цени на храната и на основните производи секојдневно ги празнат џебовите на граѓаните. Ова не се обични бројки, туку секојдневие на…
Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП Скопје“ ги известува граѓаните дека денеска, 18 април 2026 година, жичницата на Водно нема да биде во функција. Причина за прекинот на работата е засилениот ветер на планината, чија јачина ги надминува дозволените безбедносни граници за непречено и сигурно функционирање на објектот. Надлежните служби на ЈСП постојано ја следат состојбата на терен. Жичницата ќе продолжи со превезување на патниците веднаш штом временските услови се стабилизираат и се создадат услови за безбедна работа.
Времето утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец., соопшти УХМР.Од понеделник до среда ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Вчера во 17:40 часот на ул,,Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Е.И.(31) од Штип, со привремен престој во Струга, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес и во просториите каде што престојува, при што, исто така, е пронајдена и одземена марихуана. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
