Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицевска: Горан Бетон Герасимовски, каде е зеленилото во Центар?
    • Деца по полноќ си седеле во кафуле: Полицајците ги собраа и им ги предадоа на родителите
    • Илон Маск нe штеди: Секое дете во Америка ќе добие акција од SpaceX
    • Пукотници во Сарај
    • Ја силувал сопругата, па ја претапал и ќерка му: 37-годишник заврши зад решетки
    • Градежна офанзива во Илинден – жителите ќе возат по нови асфалтирани улици
    • МНР повика претставник од бугарската амбасада: Изјавите на бугарскиот амбасадор и министер се оценуваат како мешање во внатрешните работи
    • (ВИДЕО) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Законот за административни службеници – отвора простор за политички притисок
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски на средба со директорот на ЕВРОКОНТРОЛ: Се зајакнуваат капацитетите на македонскиот авиосообраќај

    Николоски на средба со директорот на ЕВРОКОНТРОЛ: Се зајакнуваат капацитетите на македонскиот авиосообраќај

    31.08.2026 во 13:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Раул Медина, генералниот директор на ЕВРОКОНТРОЛ.  Присутни на средбата беа и Драги Стојаноски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство и Владимир Ристески, директор во М-НАВ. 

    На средбата беше разгледа досегашната соработка со ЕВРОКОНТРОЛ и можностите за нејзино унапредување, со посебен фокус на зајакнување на капацитетите на воздухопловните власти во Македонија. 

    Заменик претседателот на Владата, Николоски, истакна дека државата во континуитет работи на развој на техничките и оперативни капацитети на Агенцијата за цивилно воздухопловство, како и на Македонската Навигација, при тоа се работи на План за унапредување и зајакнување на човечките ресурси, со цел системот да одговори на зголемените потреби и очекуваниот понатамошен раст на сообраќајот.

    Токму во таа насока политиките и мерките што ги презема Владата се насочени кон унапредување на оперативноста и капацитетите на воздухопловните власти, како и кон создавање услови за понатамошен одржлив развој на цивилниот воздушен сообраќај.

    На средбата беше потенцирано и дека Македонија бележи силен развој на авиосообраќај и по број на операции и по број на патници, што претставува значаен придонес за подобрување на поврзаноста на земјата, влез на нови авиокомпании и отворање нови можности за граѓаните и економијата.

    Вицепремиерот Николоски информираше и дека со новиот радарски систем кој е веќе инсталиран се очекува дополнително да се зајакнат техничките капацитети за управување со воздушниот сообраќај.

    На средбата беше потврдена важноста од продолжување на соработката со ЕУРОКОНТРОЛ насочена кон националните приоритети на државата која  до сега се реализира преку Програмата за поддршка на државите, а во насока на унапредување на безбедноста, ефикасноста и квалитетот на воздушниот сообраќај.

    Посетата на директорот на ЕВРОКОНТРОЛ во Македонија е дел од состанокот на воздухопловните власти на земјите од регионот во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Законот за административни службеници – отвора простор за политички притисок

    19.10.2026 во 13:45

    СДСМ: Не сме задоволни со резултатот во Брвеница – задоволни сме што паѓа ВМРО

    19.10.2026 во 12:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.