Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Подобра енергетска ефикасност и услови за децата во градинката „Бамби“ со поддршка од ТИТАН Усје

    Подобра енергетска ефикасност и услови за децата во градинката „Бамби“ со поддршка од ТИТАН Усје

    31.08.2026 во 14:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Објектот „Бамби“ во рамките на детската градинка „Срничка“ во Општина Аеродром за првпат доби термофасада, со што значително ќе се подобрат енергетската ефикасност и условите за престој на децата.

    Инвестицијата е реализирана со донација од ТИТАН Усје, како продолжение на долгогодишната соработка на компанијата со локалната заедница во унапредувањето на образовната инфраструктура.


    Со оваа инвестиција ќе се овозможи подобра топлинска изолација, намалување на трошоците за загревање во зимскиот период и попријатна температура во просториите во текот на топлите летни денови.
    Истовремено, објектот добива посовремен изглед и подобри услови за секојдневен престој и развој на децата.


    Главниот извршен директор на ТИТАН Усје, Константинос Николаoу истакна дека проектот е дел од долгорочниот пристап на компанијата кон поддршка на заедницата и создавање конкретни и одржливи подобрувања во средината во која работи.

    „За нас, поддршката на локалната заедница значи иницијатива која носи конкретна и долгорочна вредност. Новата термофасада на градинката „Бамби“ ќе овозможи подобри услови за децата и вработените, но и поефикасно користење на енергијата во објектот. Токму ваквите проекти, кои истовремено придонесуваат за подобар квалитет на престој и за поголема енергетска ефикасност, се важен дел од нашето долгогодишно партнерство со општините и образовните установи“, изјави Николаoу.


    Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески ја потенцираше важноста на соработката со деловниот сектор во создавањето подобри услови во јавните установи на територијата на општината.

    „Наш приоритет е децата во Аеродром да престојуваат во безбедни, современи и функционални објекти. Новата термофасада на градинката „Бамби“ е конкретно подобрување што ќе го почувствуваат и децата и вработените, а истовремено ќе придонесе за поефикасно користење на енергијата. Ваквите партнерства покажуваат дека со заеднички ангажман на локалната самоуправа и општествено одговорните компании можеме побрзо да создаваме подобри услови за нашите најмлади жители“, изјави Митески.

    Проектот е дел од континуираните активности на ТИТАН Усје во соработка со локалните власти за подобрување на условите во училиштата и детските градинки. Преку инвестиции во енергетската ефикасност, компанијата придонесува и кон намалување на потрошувачката на енергија, а со тоа и на емисиите на јаглероден диоксид, што е една од главните заложби на компанијата.

    Во рамките на проектот „Партнерство со училиштата“, која се реализира во општините Кисела Вода и Аеродром, ТИТАН Усје од 2010 година досега инвестираше повеќе од еден милион евра во унапредување на образовната инфраструктура, енергетската ефикасност и безбедносните услови.

    ТИТАН Усје ја продолжува својата заложба за долгорочно партнерство со заедницата и поддршка на иницијативи што придонесуваат за поквалитетна, побезбедна и поодржлива средина за идните генерации.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.