Author: Author 04

Во дворот на затворот во Струмица наскоро ќе биде завршена со изградба и осветена првата црква, која се гради по иницијатива и со средства на поранешна директорка на оваа институција. Станува збор за мала црква, а во нејзе за духовните потреби на верниците ќе има задолжен и свештеник, кој ќе служиж литургии.-Верувам дека кога еднаш ќе биде осветена таа мала црква среде затворскиот двор, ќе стане место на вистинска духовна преобразба за многу луѓе. Ѕидовите на затворот, не можат да Го задржат Духот Свети. Апостолот Павле пишувал посланија од затвор, а истите тие посланија ние и денес ги читаме во…

Повеќе

Денес нè очекува пријатно пролетно време, идеално за активности на отворено, пред најавената промена во текот на новата седмица. Времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат во интервал од 3 до 9 степени, додека максималните дневни ќе достигнат до 24 степени. Во главниот град се очекува претежно сончево и топло време, придружено со слаб северен ветер. Живата во термометрите во текот на денот ќе се искачи до пријатни 23 степени, со утрински минимум од 7 степени. Од почетокот на новата…

Повеќе

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Бизнис 21“ посочи дека најновите податоци за инфлацијата потврдуваат континуиран раст на цените на основните прехранбени производи и сериозно влошување на животниот стандард на граѓаните, обвинувајќи ја Владата дека не презема соодветни мерки за помош на граѓаните. „Тоа што го зборувавме, излезе дека е така. Според последните извештаи од Парламентарниот институт, инфлацијата особено кај храната бележи раст и таа спирала за која зборувавме, за постојано покачување на цените на основните прехранбени производи, се случи и се случува. Кај месото е 12,8%, кај лебот и житата 3,7%, кај овошјето 12,8%, кај млекото, сирењето…

Повеќе

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, имаше свое обраќање на денешниот настан кој беше во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ,,Женско лидерство-Европската интеграција на Западен Балкан во светлината на безбедносните и технолошките предизвици на Европа“. ,,Во име на ВМРО-ДПМНЕ, чест ми е да ве поздравам во Скопје, главниот град на земја мала по територија, но голема по решителност. Земја која го носела товарот на историјата на своите рамена и се уште стои, гради и, што е најважно, се уште верува во европските вредности“, рече Ковачки. ,,Членството во Европската унија и НАТО не се политички слогани за ВМРО-ДПМНЕ, туку се статутарни обврски, вградени во…

Повеќе

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, со важност до 04 мај. Со оваа одлука се задржува намалувањето на акцизата за дизел горивото во износ од 4 денари по литар, како и намалувањето на акцизата за безоловните бензини од 95 и 98 октани во износ од 2 денари по литар. Оваа интервенција има директен фискален и пазарен ефект, којшто се рефлектира во значително намалување на малопродажните цени на горивата, со што се ублажува притисокот врз трошоците на…

Повеќе

Претсеседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во рамки на конференцијата во Барселона, организирана од Партија на европски социјалисти (ПЕС), имаше кратка и пријателска средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез. На средбата Филипче и Санчез разговараа за актуелните предизвици со кои се соочуваат прогресивните сили во Европа и потребата од силна соработка, солидарност и заеднички одговори во време на неизвесност. “Ваквите контакти се важни за зајакнување на позицијата на нашата земјаи за градење партнерства со лидери кои споделуваат исти вредности – социјална правда, економски развој и европска иднина”, вели Филипче во објавата на социјалните мрежи.

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на неговиот турски домаќин, Хакан Фидан, учествуваше на 3-тиот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој се одржа во Анталија, Турција, на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија. На состанокот, на кој учествуваа министрите за надворешни работи на сите земји од Западен Балкан и Турција, беа разгледани актуелните глобални случувања и регионалната динамика. Посебен акцент беше ставен на теми од непосреден интерес за граѓаните, како што се координацијата во ЕУ-интеграционите процеси, справувањето со природни катастрофи, регионалната поврзаност, како и младите и образованието. Министрите разменија мислења за можни…

Повеќе

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Петровиќ, на денешната прес-конференција упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, барајќи тој јавно да им се извини на уметниците и културните работници за, како што рече, упатените навреди кон нив. Според Петровиќ, незадоволството на културните работници поради Колективниот договор и барањата за повисоки плати, премиерот ги карактеризирал како „вулгарни и агресивни“. „Мицкоски се обиде да ги замолчи уметниците само затоа што бараат почитување на легитимниот и институционално потврден Колективен договор. За него сè е бизнис, а борбата за достоинствена плата ја нарекува вулгарна и агресивна“, истакна Петровиќ. Таа упати критики и до…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 12 управувале возило без возачка дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол. Четири возачи во Скопје, двајца во Куманово и по еден возач во Тетово, Гостивар, Велес, Дебар и Битола возеле без возачка дозвола, додека еден возач во управувал возило без дозвола и под дејство на алкохол. Еден возач во Скопје и еден во Неготино управувале возило со активна забрана, а еден возач во Струмица управувал возило под дејство на алкохол. По целосно…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатото деноноќие три лица се лишени од слобода, а со четири е извршен службен разговор за семејно насилство. На 17.04.2026 во 06:35 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ж.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 05:30 часот пред станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода, а ѝ во изминатите неколку дена му упатувал закани на неговиот 64-годишен татко, при што користел и нож. При преглед кај него бил пронајден ножот, како и дробилка со остатоци од марихуана. На 18.04.2026 во 00:40 часот во Скопје, полициски службеници…

Повеќе