Author: Author 04

Во стан во Скопје пронајдена е почината 65-годишна жена, телото е предадено за обдукција, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 9:35 часот во СВР – Скопје е пријавено дека во стан на булевар „АСНОМ“ во градот е пронајдена почината Д.В., 65-годишна скопјанка. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција – информираа од МВР.

Повеќе

Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, С.С. (40) од с.Глумово, скопско, пријави дека фасадата од семејната куќа била оштетена од заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Шестмесечно бебе од скопско било донесено починато во Поликлиниката Драчево, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен вчера, околу 21:15 часот, во СВР Скопје. Лекар извршил преглед и констатирал смрт, при што на телото на бебето не биле забележани видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.

Повеќе

Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од скопско, пријави дека во семејниот дом во скопско, нему и на неговата сопруга и деца им биле упатувани закани од неговата мајка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Повеќе

Мицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност Сите технички параметри за проектот веќе се кажани, и инвестициска вредност и дијаметар на цевка и како ќе проаѓа таа цевка, низ кои делови од Македонија ќе проаѓа таа цевка, јас би сакал три работи да кажам кои што се мислам значајни за овој проект од стратешко значење. Првото е што по завршувањето на овој проект и комплетирањето на интерконекторот, односно цевководот што ќе не поврзе со нашиот јужен сосед, со Грција, очекувам дека би требало тој проект да се заврши некаде првата половина на следната година,…

Повеќе

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги известува корисниците на јавниот превоз дека од 1 септември 2026 година започнува примената на зимскиот возен ред во градскиот сообраќај. Од претпријатието ги апелираат патниците навреме да се информираат за распоредот на поаѓања на линијата која ја користат за секојдневното патување. Актуелните и новите возни редови за сите автобуски линии се веќе достапни и може детално да се прегледаат на официјалната интернет-страница на ЈСП Скопје. Од ЈСП Скопје упатија благодарност до сите корисници на јавниот градски превоз за покажаното разбирање и соработката.

Повеќе

Меѓународното здружение за транспортен бизнис соопшти дека по месеци апели за решение на проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната, возачите од Западен Балкан и понатаму се соочуваат со апсења, депортации и забрани за влез. Тие упатија повик до сите транспортери и вработени во компании кои вршат меѓународен товарен и патнички превоз, на мирен протест во понеделник, 31 август, од 12:00 до 14:00 часот, по што е најавена и блокада на граничните премини. „Само во последната недела, според евиденцијата на Здружението, повеќе од 50 српски возачи се вратени од шенгенските граници. Иако нацрт-стратегијата на ЕУ за визи…

Повеќе

ЈСП Скопје ги известува корисниците на автобуската линија број 37 – Карпош 3 – Радишани дека, почнувајќи од 01.09.2026 година, линијат ќе сообраќа согласно зимскиот возен ред. Возниот ред за линијата број 37 може да се погледне на официјалната интернет-страница на ЈСП Скопје. Од ЈСП потсетуваат дека од 17.08.2026 година започна да сообраќа новата линија број 37 – Карпош 3 – Радишани, согласно летен возен ред, само во делник. Во периодот од 17.08.2026 до 31.08.2026 година, линијата сообраќа со следните поаѓања: Од Карпош 3: 06:40, 08:10, 14:10 и 15:40 часот. Од Радишани: 07:25, 08:55, 14:55 и 16:25 часот. Линијата сообраќа…

Повеќе

Вчера во 22:15 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „мерцедес бенз“ со српски национални ознаки, управувано од 51-годишната И.М од Србија. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека И.М. била евидентирана како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, Демир Капија- Гевгелија, управувала со возилото со брзина од 168 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. И.М. е лишена од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична…

Повеќе

Највисока температура во 11 часот претпладнево е измерена во Гевгелија, каде термометрите покажаа 35,3 степени Целзиусови, покажуваат официјалните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Високи температури се забележани и во другите градови низ државата. На мерната станица Зајчев Рид во Скопје се измерени 33 степени, додека во Струмица се измерени 32,4, во Кавадарци 32,3 и во Демир Капија 32,2 степени. Во Велес температурата достигна 31,8 степени, а на мерната станица Скопје-Петровец беа измерени 31,6 степени. Најсвежо претпладнево е на планините, односно на Попова Шапка каде се измерени 19,3 степени и во Крушево со 24 степени. За Лазорополе и Тополчани…

Повеќе