- Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија
- Муцунски се сретна со британската колешка: Во фокусот – спроведувањето на Договорот Влада со Влада
- Градоначалникот објави видео од промените кои ги реализирал во метрополата
- Приведена битолчанка, нападнала полицајци додека работеле на терен
- Сиљановска-Давкова: Обидот за релативизирање на ветото во ЕУ е позитивен исчекор, нашите пречки се ирационални
- По трагедијата на Охридското Езеро: Градоначалникот на Струга бара забрана за педалинки и поголема безбедност на плажите
- Вонредно метео-предупредување од УХМР: Невреме во беровско и мавровско, пороен дожд и силен ветер
- Потпишан грант со Светска банка: Започнуваат подготовките за новата гасна централа во РЕК Битола од 200 милиони евра
Author: Author 04
Четири балкански држави деновиве се соочија со серија лажни дојави за поставени бомби во училишта и трговски центри. По евакуациите во Загреб, Сараево, Подгорица и Будва, денеска мета на закани преку електронска пошта беа и скопските трговски центри „Ист Гејт“ и „Дајмонд Мол“. Иако проверките на полицијата потврдија дека сите дојави се лажни, начинот на кој се изведени – преку анонимни мејлови и синхронизирано испраќање – укажува на организирана хибридна операција. Експертите предупредуваат дека методот е веќе познат и искористен во минатото, а целта е ширење паника и исцрпување на безбедносните ресурси. Методот на напади е идентичен со оној од…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека граѓани директно ги чувствуваат последиците од бајките на Мицкоски. „Граѓаните скапо ги плаќаат бајките и неспособноста на премиерот Мицкоски. Ги плаќаат со празни џебови и со празни фрижидери“, истакна Филипче. Тој нагласи дека СДСМ навремено предупредуваше и нудеше конкретни решенија за справување со кризата, но Владата не презела ништо. „Баравме и предупредувавме дека се потребни конкретни мерки за помош на граѓаните. Уште пред скоро два месеци, кога започна кризата на Блискиот Исток, премиерот и Владата не презедоа буквално ништо. СДСМ понуди решенија, намалување на ДДВ-то на горивата на 5%, на основните…
Во присуство на гости, експерти и соработници, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски го најави почетокот на одбележувањето на значајниот јубилеј 100 години од постоењето на Зоолошка градина Скопје. Тој истакна дека овој јубилеј има посебно значење како симбол на долгогодишна традиција исполнета со спомени, детска радост и трајни вредности, но и како обврска за создавање подобри услови и посигурна иднина за установата. На настанот присуствуваше и експертот Марјо Худемакер, чија поддршка, заедно со новата енергија и стручност, ќе придонесе кон процесот на модернизација и унапредување на стандардите, со цел повторно приклучување кон Европска асоцијација на зоолошки градини и аквариуми. Најавени се инвестиции, модернизација и…
Променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. До среда ќе има локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со…
Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, М.М.(43) од с.Сарај, скопско, пријави дека околу 13:48 часот пред угостителски објект во Сарај, по претходно недоразбирање и расправија, Ш.С. и М.С. му упатувале закани, при што Ш.С. вперил пиштол ко него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 15:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на локалниот пат Велес-Каменолом, кај место викано „Гроот“, товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(61) од Велес, се превртело на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Г.(28), В.В.(50), Д.М.(45), Е.И.(40), П.П.(26), Ј.Ѓ.(23) и 15-годишник, сите од Скопје, како и К.И.(28) од с.Јурумлери, скопско, М.Г.(29) од Хрватска и С.П.(24) од Грција затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, прашкаста материја, марихуана и таблети. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 18.04.2026 во 22:05 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.С.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба во Скопје во периодот од 2024 година до 18.04.2026 често упатувал закани кон неговиот 62-годишен татко, постојано му вршел психичко и физичко малтретирање, а неколкупати замавнувал ѝ со остар предмет кон него. На 18.04.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од скопско пријави дека во периодот од март 2025 година до 18.04.2026, нејзиниот поранешен сопруг П.Г. преку социјална мрежа ѝ упатувал заканувачки пораки кон неа и…
Вчера околу 16 часот, во ОВР Радовиш било пријавено дека дошло до судир помеѓу два мотоцикли, управувани од 12-годишник и 13-годишник, двајцата од селото. Во несреќата, 13-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, додека 12-годишникот поминал со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Штип и во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш. Извршен е увид.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон раководството на СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче, обвинувајќи ги за политичка немоќ и очај. Петрушевски ја обвини опозициската партија дека се обидува да ја прикрие внатрешната криза и распадот на партиските структури со славење на изборните резултати на сестрински партии во странство. Тој потенцираше дека СДСМ јавно го слави резултатот на политичка групација во Унгарија, притоа молчејќи за фактот дека таа партија освоила само 1 отсто од гласовите. „Во СДС се толку очајни што слават победа на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во друга држава, додека…
