Author: Author 04

Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, преку социјалните мрежи сподели тажна вест за смртта на својата мајка. Јакимовски се прости од неа со емотивна објава, истакнувајќи ја нејзината улога во неговиот живот: „Господ е еден, но и мајка е една. Господ ги создава и ги благословува луѓето, а мајката ги раѓа. Имав мајка вредна злато. Велат дека Господ ги зема добрите за да Му служат“, напиша Јакимовски.

Повеќе

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека жичницата „Милениумски крст“ ќе биде надвор од функција во периодот од 21 април (вторник) до 24 април (петок). Привремениот прекин на работата е планиран поради вршење контрола на системот од страна на стручни тимови од австриската фирма „Допелмаер“ (Doppelmayr). Според најавите, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците во вообичаеното работно време почнувајќи од сабота, 25 април.

Повеќе

РКЕ денеска се очекува да донесе нова одлука за новите цени за горивата.На вчерашната прес-конференција, премиерот Христијан Мицкоски соопшти добра вест за граѓаните и возачите. Цените на горивата ќе поевтинат, рече премиерот. Мицкоски очекува денеска РКЕ да донесе одлука со која и бензинот и нафтата ќе поевтинат за околу 1,5 денари.

Повеќе

Регионалниот центар за управување со кризи, врз основа на информации добиени од ЕВН, известува дека денеска, 20 април 2026 година, поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе бидат корисници од неколку делови на Скопје. Планирани прекини: Екипите на ЕВН работат на терен за санација на мрежата и овозможување на стабилно снабдување.

Повеќе

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови се очекуваат локални врнежи од дожд, а постојат услови и за изолирана појава на краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи. Во западните делови од земјава ќе дува слаб до умерен ветер, кој повремено ќе биде засилен, од западен правец. Дневните температури ќе се движат во интервал од 3 до 10 степени за минималните, додека максималните ќе достигнат од 16 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува променливо облачно време. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер…

Повеќе

Утре во работна посета на Република Северна Македонија ќе престојува министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој ќе предводи делегација на бизнисмени од Казахстан. Делегацијата ќе учествува на Бизнис форум со претставници на македонската деловна заедница. Во рамки на посетата предвидено е двајцата министри да остварат тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарна средба на двете официјални делегации, проследена со заедничка изјава за медиумите. На средбата се очекува да се разговара за билатералните односи и можностите за нивно интензивирање, со посебен акцент на економската и трговската соработка.

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп упати директна закана кон Иран доколку официјален Техеран не го прифати предложениот договор од Вашингтон. Откако претходно за „Фокс њуз“ најави продолжување на разговорите во вторник, Трамп преку својата социјална мрежа „Трут Сошнал“ испрати ултиматум. „Нудиме многу фер и разумен ДОГОВОР и се надевам дека ќе го прифатат, бидејќи ако не го сторат тоа, САД ќе ги срушат сите електрани и сите мостови во Иран“, напиша Трамп, додавајќи: „НЕМА ПОВЕЌЕ ГОСПОДИН ФИН ЧОВЕК!“. Американскиот претседател дополнително нагласи дека уништувањето на иранската инфраструктура ќе се случи „брзо, лесно“ и порача дека „ако не го прифатат ДОГОВОРОТ, ќе…

Повеќе

Вчера околу 13:20 часот во тетовското село Пршовце, во општина Јегуновце, кога дошло до судир помеѓу товарно возило „мерцедес“ и велосипед управуван од малолетник. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, товарното возило го управувал 34-годишен жител од селото Шемшево, додека велосипедот го возел малолетник од Пршовце. Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово. Неговата здравствена состојба засега не е дополнително прецизирана. За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово. Надлежните институции преземаат мерки за целосно…

Повеќе

Вчера во 04:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.К. од Косово, постапувајќи по претходна пријава дека со остар предмет оштетил продажно место во круг на приватна болница на подрачјето на Карпош. Предметот му бил одземен, а по насока на судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје спроведен е во Казнено – поправната установа Затвор Скопје.

Повеќе

Олуката на Владата за враќање на ДДВ-то за дизелот на 18% е нов удар врз граѓаните, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека власта од почетокот на кризата на Блискиот Исток не презема никакви директни мерки, што сега скапо ги чини граѓаните. „Баравме и предупредувавме дека се потребни конкретни мерки за помош на граѓаните, уште пред скоро два месеци кога започна кризата на Блискиот Исток. Премиерот и владата не презедоа буквално ништо. Дури сега и се укинува таа парцијална мерка којашто ја донесоа, повторно ДДВ-то е вратено на 18% за дизелот“, рече Филипче. Тој…

Повеќе